Сподели
Optometrija.mk
loading...

Минус диоптрија, плус диоптрија, цилиндрична диоптрија – ова се термини што честопати можеме да ги слушнеме во очната оптика, но и во секојдневниот живот. Факт е дека често дури и корисниците на очила или контактните леќи не знаат што е нивниот диоптер преставува. Во продолжение, објаснуваме што е диоптер и како да прочитате диоптерски рецепт.

Што е диоптрија?

Диоптријата е единица за мерење на јачината на прекршување на светлосниот зрак, односно рефракција. Таа претставува рефракциска грешка на окото, односно неможноста за фокусирање на сликата.

Рефракциската грешка значи дека окото не ги прекршува правилно светлосните зраци, што резултира со заматена слика. Главните видови на рефракциски грешки се: кратковидост, далековидост, астигматизам и презбиопија.

Во емтропското око (око без диоптрија), влегувањето на светлосните зраци е насочено на мрежницата со помош на рожницата и природната леќа на окото, создавајќи остра слика што се пренесува во мозокот. Леќата е еластична и цилијарниот мускул ја прилагодуваат формата на леќите како би дошло до правилно насочување на сликата на мрежницата.

Рефракциската грешка или диоптерот е всушност недостаток на окото да ја фокусира сликата точно на мрежницата.

Симптоми за појавување на диоптрија

Главниот и основниот симптом за диоптрија е заматен вид. Понекогаш прекумерното оптоварување на цилијарниот мускул во окото може да предизвика главоболки. Долготрајното напрегање на очите исто така може да доведе до главоболка и притисок во фронталниот регион на главата. Прекумерното фокусирање може да предизвика сушење на површината на окото, предизвикувајќи иритација на очите, замор, чешање, чувство на страно тело и црвенило. Намуртувањето при читање и прекумерно трепкање или триење на очите се симптоми за диоптрија кај деца.

Најчестите симптоми на диоптрија се:

  • Заматен вид
  • Двоен вид
  • Главоболки

Која диоптија постои и како да се разликува?

Постојат три вида на диоптрии: минус, плус, и цилиндар за корекција на астигматизам. Во продолжение се опишани главните видови на рефракциски грешки на окото:

Optometrija.mk

Кратковидост или миопија (блиските предмети се јасни, а оддалечените предмети се матни). Миопијата се коригира со диоптерски минус. Обично се наследува и често се открива во детството. Миопија често напредува во текот на тинејџерските години, кога телото забрзано расте.

Далековидост или хиперметропија (блиски предмети се повеќе заматени од оддалечените предмети). Далековидоста се коригира со плус диоптер. Може да се наследи. Децата честопати имаат плус диоптер што може да се намали додека детето расте. Кај малата хиперметропија, видот на далеку е јасен додека видот на блиску е заматен. Кај високата хиперметропија, видот може да се замати на сите растојанија.

Презбиопија (намалениот вид на близина доаѓа со намалување на еластичноста на очната леќа). Презбиопијата се коригира со плус диоптер. По 40-годишна возраст, леќите стануваат помалку флексибилни. Како резултат на тоа, окото ја губи способноста за фокусирање и станува потешко да се прочита на поблиски растојанија. Овој природен процес на стареење на леќи може да се комбинира со миопија, хиперметропија или астигматизам.

Астигматизам обично се јавува кога предната површина на окото, рожницата, има асиметрично искривување. Астигматизмот се коригира со цилиндричен диоптер означен како „cyl“, што може да има плус или минус предзнак. Оваа абнормалност може да доведе до вид што е сличен на гледање искривени предмети или предмети со сенка. Астигматизмот обично предизвикува заматен вид на сите растојанија.

Како се дијагностицира диоптријата?

Диоптерот може да се открие од страна на оптометрист или офталмолог за време на рутински преглед на видот. Диоптерот обично прво се мери објективно со помош на авторефрактометар (компјутерска контрола), а потоа крајниот резултат субјективно се одредува со менување на оптички леќи на пробна рамка за тестирање и читање на буквите на оптиотипите.

Optometrija.mk

Како да прочитате диоптерски рецепт?

Наодот за диоптрија обично содржи 3 вредности:

Dsph или Sph – првиот број, укажува на моќноста на потребната сферна корекција, предзнак минус за кратковидост или плус за далековидост.

Dcyl или Cyl – вториот број, укажува на моќноста на цилиндричната корекција, може да се напише со предзнак минус или плус.

Axis – третиот број, ја означува оската на цилиндарот, односно степенот на цилиндарот.

Пример за рецепт за кратковидост – минус диоптрија:

Optometrija.mk

Dsph означува моќност на јачината на диоптријата на секое око одделно. Во овој пример, диоптријата на десното око е -1,50Dsph, а левото око -1,25Dsph. Острината на видот со корекција е 1,0 на двете очи, што значи 100%. Растојанието на зениците е 64 мм.

Пример за рецепт за далековидост – плус диоптрија:

Optometrija.mk

Во овој пример, диоптерот на десното око е +1,00Dsph, а левото око е +1,50Dsph. Острината на видот со корекција е 100% на двете очи. Растојанието на зениците е 62мм.

Пример за рецепт на астигматизам / цилиндар:

Optometrija.mk

Чист астигматизам / цилиндар е прикажан во овој пример. Јачината на астигматизамот на десното око е -2,00Dcyl на 180 степени, а во левото око -1,75Dcyl на 10 степени. Острината на видот е 90% на двете очи. Растојанието на зениците е 62мм.

Пример за рецепт на кратковидост во комбинација со астигматизам:

Optometrija.mk

Во овој пример е присутна комбинација на кратковидост со астиматизам. Десното око има диоптрија -2.00Dsph, со цилиндар -0,75Dcyl на 90 степени. Видната острина со корекција е 90%. Левото око има диоптрија -2,75Dsph, со цилиндар -1,25Dcyl на 80 степени. Видната острина со корекција е 80%. Растојанието на зениците е 60 мм.

Споменавме претходно дека цилиндарот може да се напише со минус и плус предзнак. Ако истиот диоптер се претвори во плус цилиндар, диоптерот ќе биде следниот:

O.D.  -2,75Dsph / +0,75Dcyl ax 180
O.S.  -4.00Dsph / +1,25Dcyl ax 170

Пример за рецепт каде е присутна далековидост, астигматизам и презбиопија:

Optometrija.mk

Во овој пример, присутна е далекувидост, астигматизам и презбиопија. Корекција на далеку на десното око е +1.00Dsph со -0,50Dcyl астигматизам на 110 степени. Видната острина со корекција е 90%. На левото око, диоптерот е +0,50Dsph со -0,75Dcyl астигматизам на 70 степени. Видната острина со корекција е исто така 90%.

За корекција на видот за бризина се додава диоптер +2,00 dsph (адиција) и се собира со диоптерот за далеку.

Како диоптријата се лечи?

Прво, треба да се потенцира дека диоптријата не е болест на окото, туку рефракциска грешка на окото. Диоптрата не се лекува, но се коригира со очила, контактни леќи или рефрактивна хирургија.

Кратковидоста и далековидоста се корегираат со сферични леќи. Конкавни леќи се користат за да се корегира кратковидост, диоптерски минус. Конвексни леќи се користат за да се корегира далековидост, диоптерски плус. Астигматизмот се коригира со цилиндрични леќи.

Оставите коментар: