Сподели
Optmetrija.mk
loading...

Оптометрист или офталмолог – ве интересира која е разликата? Изборот на специјалист за очи е важна одлука што може да влијае на квалитет на вашиот вид. Покрај се, ние им ја препуштаме на специјалистите за очи, грижата за нашиот вид и ги следиме советите за зачувување на нашиот вид во текот на животот. Во продолжение откријте ги разликите помеѓу оптометрист и офталмолог, и дознајте кого од нив треба да контактирате.

Првиот чекор во одлучувањето е да се научи разликата помеѓу два типа на специјалисти за очи: оптометристи и офталмолози. Исто така е корисно да се разбере третото „О“ во негата на очите, а тоа се оптичарите.

Кој е оптиометрист?

Оптометрист е високообразован специјалист за очите со диплома за оптиметрија, за точно и детално определување на диоптрија. Оптометристот е обучен најмалку три години, како во теорија, така и во пракса, како би се утврдила точната диоптрија на окото, односно степенот на кратковидост, далековидост и астигматизам.

optometrija.mk

Големата предност на оптимометрите лежи во фактот дека тој преку своето образование не се фокусира на лекување на разни заболувања на очите, туку специјализира специјално за видот, односно утврдување и корекција на рефрактивни грешки на окото и препишување на правилни оптички леќи и контактни леќи. Оптометристот, исто така, го испитува предниот дел на окото на биомикроскоп, и во присуство на некои заболувања на очите, го упатува пациентот на офталмолог.

Интересно: Оптометријата како професија станува се попозната и ценета од страна на крајните корисници во Македонија, затоа што денес во секоја очна оптика достапен е оптометриски преглед без претходни закажувања и чекање.

Кој е офталмолог?

Офталмолог е доктор на медицина кој е специјализиран во областа на грижата за очите и видот. Офталмолозите се обучени да вршат преглед на очите, да дијагностицираат и лекуваат очни болести, да препишуваат лекови и да вршат операција, како и ласерска операција на очите. Тие исто така препишуваат очила и контактни леќи и обично работат во државните здравствени центри и приватните очи клиники.

Optometrija.mk

Завршените студии по општа медицина, проследени со специјализација во сверата на офталмологијата, им даваат на офталмолозите најцелосно знаење за дијагностицирање и третман на заболувањата на очите и разни абнормалности на очите.

Точки на интерес: Бидејќи се лекари, офталмолози понекогаш можат да идентификуваат други здравствени проблеми кои не се директно поврзани со окото и да ги упатуваат пациентите за дополнителни испитувања.

Субспецијалисти по офталмологија: дополнително знаење и обука за специјални очни потреби

Додека сите офталмолози се обучени за грижата и проблемите со очите и  нивните состојби, некои офталмолози се специјализирани во одредено поле на офталмолошка медицина или офталмолошка хирургија. Овие специјалисти се нарекуваат субспецијалисти за офталмологија. Понатамошно образование и практично знаење ги подготва офталмолозите за посложени и специфични состојби во одредена област на окото или кај специфичните групи на пациенти. Некои примери на субспецијализација се детска офталмологија, страбологија, неврофталмологија и др.

Кој е оптичар?

Оптичарот не е специјалист за очи, но е важен дел од нашата грижа за здравјето на очите. Оптичарите користат рецепти препишани од оптометристи или офталмолози за точно и прецизно да ги направат очилата за вид, да испорачуваат контактни леќи и други очни помагала.

Кога да посетите оптометрист, а кога офталмолог?

Ако ви треба одредување на диоптрија за очила и / или контактни леќи, тогаш изборот е специјалист за очи по ваш личен избор. И оптометристите и офталмолозите вршат рутински прегледи на видот. Ова вклучува преглед за далечина и близина, одредување диоптер и препишување очила или контактни леќи.

Optometrija.mk

Добро е да се има во предвид дека оптитометрите се специјализирани за определување диоптер, и имаат одлично познавање на сите видови на оптички леќи и контактни леќи. Оптометристот ќе ве советува врз основа на вашите индивидуални потреби и во голема мерка ќе придонесе за вашиот правилен избор на оптички леќи или контактни леќи.

Ако сакате да имате превентивен преглед на очите или ако имате медицински проблем со очите – на пример: воспаление на окото, глаукомот, макуларната дегенерација – важно е да се консултирате со офталмолог, обучен за следење и лекување на овие состојби. Превентивните офталмолошки прегледи се препорачуваат редовно, без оглед на тоа дали имате проблеми со очите.

Други фактори кои се вклучени во изборот на специјалист за очи

При избор на очен специјалист, важно е да се земат во предвид препораките што сте ги добиле од пријателите, семејството или колегите. Усните препораки честопати се најдобриот начин да пронајдете пријателски, компетентен и грижлив очен специјалист, за да избегнете непријатни изненадувања при вршењето на прегледот или по купувањето на диотерските очила или контактни леќи.

 

Оставите коментар: