Сподели

Тестот за астигматизам помага да се утврди дали закривувањето на рожницата или леќата е правилно. Неправилното искривување на рожницата или леќата на очите ќе предизвика погрешно да се појави сликата на мрежницата. Тестирајте го вашиот вид и дознајте ги причините и симптомите на астигматизамот.

Астигматизамот е честа состојба на окото која погодува милиони луѓе ширум светот. Примарен симптом е заматен вид, што се јавува поради неправилно закривена рожница или леќа на очи.

Повеќето луѓе имаат одреден степен на астигматизам. Кога степенот на астигматизам е висок, тоа може да предизвика нарушен вид, замор на очите и главоболки.

Астигматизамот обично се дијагностицира со детален преглед на видот, преку три примарни тестови:

  • тест за видна острина
  • рефракција
  • кератометрија

Изработен е тест на видот преку Интернет за астигматизам за да се овозможи „домашно“ тестирање на видот и можно препознавање на потенцијална слаба видна острина. Овој тест не е замена за очен преглед, но може да биде корисна алатка за да се покаже потенцијалното постоење на астигматизам.

Тест за астигматизам

Тестот за астигматизам е доволно едноставен за да го пробате дома. Само следете ги овие 5 чекори:

  1. Ако вашиот оптометрист или офталмолог ви препишал очила, носете ги додека го правите овој тест.
  2. Седнете така што екранот на вашиот компјутер или мобилен телефон е на исто растојание од вашите очи како и кога читате книга или весник.
  3. Покријте го едното око.
  4. Обрни внимание на линиите и нивната јасност. Дали некои линии се брановидни или потемни од другите?
  5. Тестирајте го и другото око на ист начин.

тест за астигматизам

Што значат овие резултати?

За нормалното око, сите линии ќе изгледаат подеднакво остри и темни. Ако ви изгледаат изострени одредени линии, додека други изгледаат нејасни и имаат различен контраст, постои можност да имате астигматизам.

Закажете преглед кај вашиот оптометрист или офталмолог ако се сомневате во исходот на овој тест.

Забелешка: Овој тест не може да гарантира целосна точност и е само за информативни цели.

Што е астигматизам?

Астигматизмот е рефрактивна грешка на окото и често е присутен со кратковидост или далекувидост. Едноставно кажано, астигматизам значи дека светлината што влегува во окото не е правилно насочена кон мрежницата.

Симптомите на астигматизам вклучуваат:

  • Заматен вид на сите растојанија
  • Особено слаб вид ноќе
  • Сенка околу работ на буквите што ги читате
  • Замор на очите
  • Уморни очи
  • Главоболки

Астигматизмот е честа состојба на окото што многу луѓе ја имаат до одреден степен.

Може да биде наследна и присутна од раното детство или може да се развие со текот на животот. Состојби како кератоконус, траума или лузни на рожницата може да доведат до развој на астигматизам.

Како се третира астигматизмот?

Астигматизам не е болест на окото, туку рефракциска грешка. Достапни се бројни опции за корекција, како што се:

  • Диоптерски очила
  • Контактни леќи
  • Ласерско отстранување на диоптрија (LASIK или PRK)

Дури и кога проценувате дека имате астигматизам со помош на овој тест, ќе мора да посетите оптометрист или очен доктор за да ја утврдите реалната состојба на диоптријата. За среќа, астигматизамот е честа појава што лесно и успешно се коригира.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: