Сподели

Презбиопијата е поврзана со стареењето и во одредена возраст очилата стануваат неизбежни…

По четириесет годишна возраст, гледањето на близина започнува да ослабнува. Тоа е природна промена која доаѓа со возраста, влијае на сите, без оглед дали дотогаш сте носеле очила или не, и ги отежнува секојдневните активности, како што се читање, шиење и работа на компјутер. Оваа состојба се нарекува презбиопија , таа е предизвикана од намалување на еластичноста на леќите за очи, што со текот на времето се губи еластичноста и можноста за изострување на предметите на близина. Последица на тоа е намалена можност за фокусирање или гледање на близина. Ова е причината зошто луѓето првично се дистанцираат од текстот што го читаат. За жал, не може да има подобрување, но потребни се очила.

Првите симптоми на презбиопијата

Какви нарушувања на видот се присутни? Првите симптоми кај повеќето луѓе се: неможност за читање на мали принтови, особено во услови на слаба осветленост, замор на очите при подолго читање, заматен вид во блиска близина или моментално замаглување при промена на различни растојанија на гледање. Вообичаени симптоми се замор на очите или главоболки кога работите на близина. Ако веќе не можете да ги прочитате пораките на екранот на вашиот мобилен телефон, тоа е доволен показател дека треба да се јавите кај вашиот оптометрист.

Како да се спречи презбиопијата?

Нема лек за презбиопијата, ниту е можно да се спречи. Само последиците од оваа состојба може да се отстранат. Лошиот вид на близина успешно се коригира со очила. Бидејќи леќите на очите стануваат помалку еластични со текот на времето, исто така и се зголемува јачината на диоптерот за корекција на видот, која се движи од околу +0,50 Dsph за почетната презбиопија па се до близу + 2,50 Dsph за луѓе над 60 години.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: