facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Кога зборуваме за проблемите со видот кај децата, особено е важно навремено да ги детектираме и корегираме проблемите со видот, бидејќи тие можат да влијаат врз нивниот физички и интелектуален развој. Дознајте на кои симптоми треба да обрнете внимание и колку често треба да се прави очен преглед на вашето дете.

Добриот вид и здравјето на очите можат да бидат клучни за развојот на децата. Факт е дека барем едно од петте деца на училишна возраст има проблем со видот, а родителите секако можат да влијаат на раното откривање на проблемот.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Проблемите со видот кај децата најчесто се решаваат со диоптерски очила или контактни леќи, а корекцијата на видот кај децата може да доведе до подобар училишен успех и психо-социјално здравје. Родителите имаат клучна улога во подобрувањето на видот на своите деца, така што на нивните деца ќе им ги обезбедат сите потребни очни испитувања. Исто така, важно е да се реагира брзо на знаците кои укажуваат на потенцијален проблем со видот.

Знаци на проблеми со видот кај децата:

  • Очи кои не ги следат движењата подеднакво и не се усогласени
  • Неможност да се следат објектите со очи
  • Екстремни реакции на отсјај или силна светлина
  • Повремени главоболки и гадење кои не се поврзани со болест
  • Континуирано тријте ги очите
  • Хронично пецкање или црвенило на очите
  • Тешко читање
  • Проблеми со видот при гледање во далечина
  • Тешко читање од училишната табла од средината или на крајот од училницата
  • Седиње премногу блиску до телевизорот
  • Држење на книгите премногу блиску до лицето
  • Затворање едно око за полесно читање
  • Пишување со главата во позиција која е многу блиску на површината за пишување

Кога и колку често треба да се изврши преглед на видот кај децата?

Кога зборуваме за препораки за испитување на видот кај децата, мислењата на експертите се различни. Но, ако ги погледнеме стандардите на САД во оваа област, спак има некои препораки.

Препораката на Американската академија за офталмологија (ААО) и Американската академија за педијатрија (AAP) е следнава:

  • Очите на новороденчињата треба да се прегледаат за можни конгенитални проблеми.
  • Помеѓу 6 и 12 месеци, децата треба да го имаат првиот комплетен очен преглед.
  • Помеѓу 3 и 3,5 години, децата треба да го направат првиот тест за острина на видот за да утврдат дали треба да носат очила за кратковидост, далековидост  или астигматизам.
  • Децата кои веќе имаат потреба од диоптерски очила треба да прават прегледи на шест месеци, по препорака од офталмолог и на три месеци.
  • Децата кои немаат дијагностицирано проблеми со видот треба да го повторуваат очниот преглед кај офталмолог на најмалку еднаш на две години, до 18 годишна возраст.

Како да изберете очила за вашето дете?

Соодветниот избор на очила е многу важен за децата кои имаат диоптер. Еве неколку совети:

  • За деца до 3 години или повеќе изберете пластични рамки, со соодветно видно поле.
  • Постарите деца сами да ги избераат рамките што им се допаѓаат.
  • Кога станува збор за оптичките леќи, најдобро е тие да бидат со антирефлексна заштита.

Што се однесува до контактните леќи, најдобро е да почнат да носат кога самите деца ќе изразат желба. Во некои случаи, офталмологот ќе препорача носење на контактни леќи и пред да сметате дека детето е подготвено, но за тоа постои медицинска причина. Одлуката за тоа кога детето треба да почне со носење на контактни леќи треба да се донесе со офталмологот и да го имаме во предвид нивото на зрелост на детето.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.