Сподели

Раст на диоптерот со текот на возраста

Со возраста, јачината на диоптерот се зголемува, најбрзо на возраст меѓу 45 и 55 години, а овој раст запира на возраст меѓу 55 и 60 години. Лицето кое не носи очила за далечина на возраст од 60 години, треба да чита очила со јачина на диоптерот од +2,00 Dsph до +2,50 Dsph диоптрија, сепак ова е индивидуално. Диоптерот за читање и работа одблизу останува непроменет до крајот на животот, доколку не се развијат некои заболувања на очите како што се катаракта, покачен интраокуларен глауком и др.

Презбиопијата се коригира со очила, контактни леќи или операција. Најчеста корекција е со очила. Во зависност од оддалеченоста која треба да се корегира на некое лице, се користат очила со еден фокус, кои овозможуваат корекција само одблизу. Но, ако пациентот не сака постојано да се вади и да става очилата, може да се изберат бифокални или мултифокални леќи, кои го корегираат видот на различни растојанија.

Затоа, можно е да се направат очила само за читање или прогресивни очила што се носат цело време и се користат за вид за долги, средни растојанија и на близина. Ако некое лице не сака да носи очила, може да проба со прогресивни контактни леќи. Овие контактни леќи се меки со кои лицето гледа нормално на далечина и близина. Сепак, тие се ограничени само на одредени диоптрии и не опфаќаат астигматизам, т.е. рефракциска грешка во видот корегирана со цилиндрични леќи.

Прогресивни очила за сите растојанија

Дали користите очила за читање? Или, пак, ви требаат очила за гледање на далечина? Дали имате повеќе очила со различни диоптрии и постојано ги менувате? За оние кои одговараат на овие прашања, решението е прогресивни очила, кои честопати се нарекуваат мултифокални очила за сите растојанија. Со користење на прогресивни очила, повеќе не треба да носите повеќе пара очила со себе, постојано да ги барате и менувате.

Прогресивни или мултифокални оптички леќи, како што сугерира нивното име, овозможуваат јасен вид на сите растојанија, за разлика од бифокалните леќи, кои обезбедуваат јасен вид на само две растојанија. Прогресивните оптички леќи имаат диоптери за сите растојанија. Тие можат да бидат транспарентни, фотосензитивни или сончеви.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: