facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Астигматизaм е рефрактивна аномалија (грешка при прекршувањето на сончевите зраци кога навлегуваат во окото) при што наместо ликот од предметот да го добиеме во една точка, тој се добива во две линии, т.н. фокали, при што оној кој ја поседува оваа аномалија нема да гледа јасно ниту на блиску,  ниту на далечина. При гледање на далеку предметите изгледаат нејасни, искривени, деформирани, коси, заматени. Најчесто се јавува заради неправилно прекршување на рожницата, а многу ретко поради неправилно прекршување на леќата. Истиот може да биде и наследен и вроден.

Симтоми на астигматизмот

Симптомите се замаглен и нејасен, деформирана слика или деформирани букви при  читање. Кај нискиот степен на астигматизам, лицето не секогаш го забележува бидејќи замаглениот видот се коригира со помош на акомодацијата (прилагодување на очната леќа за гледање на близина). Додека високиот степен на астигматизам предизвикува значителни проблеми со видот и не е возможно да не се забележи. Кај деца при долго читање се појавува главоболка и зголемен умот.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Astigmatizam
sto e astigmatizam
kako se lekuva astigmatizam
optometrija

Корекција на астигматизам

Астигматизам може да се корегира со диоптерски очила, торични контактни леќи или ласерска корекција. Астигматизмот може да биде стабилен, но состојбата често се влошува, па затоа е исклучително важно редовно да посетува оптометрист или офталмолог за да се добие потребната корекција.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.