Сподели
Optometrija.mk
loading...

Дали сте размислувале да купите евтини готови очила за читање или можеби да купите очила за сонце во не специјализирани продавници? Зошто да платите неколку илјади денари за очила кога евтините очила на прв поглед изгледаат добро и често чинат помалку од 1000 денари?

Колку и да сакаме да избегнеме да ги трошиме тешко заработените пари, понудите кој ни се чинат дека се вистинска можност за нас, најчесто и не се. Може да заштедите пари на краток рок, но на долг рок сигурно нема да бидете задоволни со производот што сте го купиле.

Продавачите на готовите очила за читање и евтини очила за сонце често тврдат дека нивните очила се со највисок квалитет, исто како и очилата што ги купувате во очната оптика, но факт е дека постојат значителни разлики во квалитетот. Оптичкиот квалитет на оптичките леќи, отпорноста на гребење, заштитните слоеви и издржливоста на материјалот на рамките, се само некои од очигледните разлики помеѓу ефтините производи и оние со докажан квалитет.

Евтините очила за сонце изгледаат добро, но…

Евтините очила за сонце понекогаш изгледаат идентични со врвните очила за сонце. Понекогаш се чини дека дури и обезбедуваат иста заштита против сончевата светлина. Но, тие можат да направат повеќе штета отколку добро. Нивото на заштита од штетните ултравиолетови зраци нема никаква врска со бојата на леќите и не зависи од тоа колку се темни леќите. Невозможно е да се почувствува колку вашите очи навистина се заштитени од штетните УВ зраци додека носите очила за сонце. Вистинската заштита од УВ на очилата може да ја провери само оптичарот со помош на специјализиран уред.

Можно е два различни пара очила за сонце да изгледаат исто, но еден од нив обезбедува многу подобра заштита од штетните УВ зраци.

 Евтините очила за сонце – дури и оние обележани со „100% УВ заштита“ или „поларизирани“ – честопати ги пропуштаат штетни УВ зраци, а сината светлина продира во окото кога ги носите, што може да предизвика оштетување на очите со текот на времето. Од друга страна, очилата за сонце во очната оптика сигурно имаат УВ-заштита бидејќи доаѓаат од докажани марки и се продаваат под контролирани услови. Вашиот оптичар може да ви ги препорача најдобрите очила за сонце на вашите потреби и навики, односно активности на отворено.

Евтините очила за читање можат да предизвикаат напрегање на очите, а понекогаш и сериозни проблеми

Евтините готови очила за читање можат да ви помогнат да гледате појасно на близина, ако сте над 40 години и имате состојба наречена презбиопија. Сепак, лесно е да се избере погрешена диоптрија и со тоа да се предизвика дополнително напрегање на очите поради превисока или прениска диоптрија. Исто така, готовите очила не го корегираат астигматизамот и не се прилагодени на вашите очи, растојанието на зениците, а оптичкиот квалитет на самите леќи не е на највисоко ниво. Долготрајната употреба на несоодветни очила може да предизвика црвенило на очите, главоболка, замор во очите, чувство на печење и многу други проблеми.

Optometrija.mk

Рамките на евтините очила можат да предизвикаат иритација на кожата

На прв поглед, некои ефтини рамки може да изгледаат како поскапите верзии на добро познатите брендови. Но, тие често се направени од материјали со слаб квалитет кои можат да предизвикаат иритација на кожата со текот на времето. Евтини метални рамки често содржат легури на никел што можат да предизвикаат сериозна иритација на кожата.

Евтините  готови очила за читање и очилата за сонце можат да ви ја одземат шансата да гледате најдобро и целосно да ги заштитуваат вашите очи во текот на животот.

Старата народна поговорка вели; „Не сум доволно богат за да купам евтини работи“, така да не го купувајте она што е најевтино, туку купувате го она што е најдобро за вашите очи.

Оставите коментар: