Повеќето родители верувале во многу заблуди кога станува збор за своите деца и здравјето на нивните очи. „Јадете моркови за подобар вид“ или „немојте да седите премногу блиску до телевизорот, ќе ви се оштети видот“ се само некои од најчестите митови кои нашите родители ни ги наметнаа.
Мит број 1: Гледањето на телевизија одблизу го влошува видот.
Денес, можеме да ја прошириме оваа заблуда со компјутерските игри, на кои сè повеќе деца се вклучуваат во нивно играње. Според истражувачките податоци, децата поминуваат најмалку четири часа на ден пред компјутер. Играњето видео игри со часови може негативно да влијае на социјалната интеракција на детето. Сепак, тоа нема трајно да го оштети видот на вашето дете.
„Ако детето седи премногу блиску до телевизорот или компјутерот, тоа е веројатно затоа што им требаат очила за да видат подобро. Седењето близу на екранот нема да создаде потреба од очила“.
За да ја спречите миопијата, потрудете се вашето дете да не гледа телевизија во темница. Ако тоа поминува многу време на компјутер, треба да направи пауза на секои 20 минути и да гледа во далечината најмалку една минута. На овој начин, ќе се одморат мускулите што ги користи за да ги гледа предмети блиски до него.
Мит број 2: Јадете моркови, ќе ви се подобри видот!
Морковите содржат витамин А, кој е клучна состојка во правилната исхрана, но големи количини моркови нема да го подобрат видот на вашето дете.
Овој мит се појавил поради терапијата на т.н. ноќно слепило предизвикано од недостаток на витамин А.
Мит број 3: Децата се премногу мали за носење на контактни леќи.
Деца од било која возраст, дури и бебиња, можат да носат леќи без никакви тешкотии. Бидејќи најмладите се несмасни, родителот треба да ги стави леќите на очите на своето дето и да се грижи за отстранувањето и чистење на истите.
Докторите тврдат дека децата над десет години можат сами да ги следат овие упатства без помош од родители, но тоа зависи од секое дете индивидуално. Ако вашето дете не е многу одговорно, ќе треба Вие да се грижите за неговите леќи.
Мит бр. 4: Не можете да натерате дете да носи очила за сонце?
Сончевите зраци ги оштетуваат очите, а до 70% повеќе УВ зраците допираат до леќите на децата. Затоа, исклучително е важно вашите деца да носат очила за сонце. Повеќето оптичари нудат специјални детски линии кои имаат шарени рамки и одлични заштитни леќи.
Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.