Сподели

За почеток, одморете ги уморни очи со тоа што ќе ги затворите неколку минути. И, потоа направете секојдневна навика за грижа на очите.

Уморните очи најчесто може да бидат резултат на стрес, недостаток на сон, алергии, инфекција и друго. Работата на компјутер и документацијата после долго време резултира во напрегање на очите. И кога очите се уморни, целото тело го чувствува тоа, па продуктивноста е полоша.

Постојат и начини за ублажување на симптомите. Опуштете ги уморните очи и мускулите на очите користејќи природни техники и вежби:

  • Чести паузи. Погледнете подалеку од екранот или хартијата и гледајте во далечина наместо во предметите пред Вас. Променете го фокусот на нешто друго на секои 20 минути.
  • Трепкајте брзо, а потоа затворете ги очите и одморете. Трепкањето ги опушта напнатите мускули на окото и го навлажнува окото.
  • Ноќе, спијте најмалку седум часа (осум би биле идеални).
  • Бидете сигурни дека имате соодветно светло. Поради слаба осветленост додека работите на компјутер или читате, очите ви се заморуваат.
  • На отечените очи им требаат ладни облоги. Користете разладени краставици, ладни кеси од камилица или памук натопени во ладен чај (билки без шеќер). Легнете и држете го облогот 10 минути.
  • Легнете и ставете топли кесички со чај на уморни очи. Чувајте ги додека не се изладат.
  • Излезете на свеж воздух и отворете ги очите широко.
  • Масирајте го челото. Затворете ги очите и масирајте ја областа околу очите со лесни движења со прстите.
  • Исплакнете го лицето три до пет пати со ладна вода.
  • Одморете се во сосема темна просторија околу 15 минути.

Вежби за уморни очи

  • Испружете ги рацете и држете ги прстите на ниво на очите. Полека движете ги прстите и следете ги со погледот. Кога се сосема блиску, погледнете во далечината.
  • Не движете ја главата, а погледнете насочето го кон предмет од левата страна. Започнете да ја вртите главата во десно, додека очите сè уште се насочени кон предметот од левата страна. Повторете ја вежбата од другата страна. Потоа, гледајте во подот, а главата кревајте ја нагоре.
  • Вртете ги ги очите во насока на стрелките на часовникот 10 до 20 пати. Обидете се да го направите кругот што е можно поширок.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: