Кратковидост или миопија (Myopia) е рефракциона аномалија на окото во кое зракот на пречршување е пред мрежница, а не на неа. Поради оваа причина, невозможно е да се добие јасна слика на оддалечен предмет без потребната корекција.
Симптоми на кратковидост
Кратковидоста е рефракциона аномалија кај која пациентот не гледа на далеку. Кратковидните луѓе далечните предмети ги гледаат нејасни. Кај помали степени на кратковидост, можен е добар вид за близината, додека лицата со висок степен на кратковидост не можат да гледаат добро на далечина дури и на близина. Првите знаци на Кратковидост може да бидат: не препознавајње луѓе на другата страна од улицата, заматен превод кога гледате филмови на ТВ или несигурност при возење на автомобил. Најлесно се приметува кај децата кога тие покажуваат огромно напрегање при гледање во училишната табла, па дури и во предучилишна возраст, кога седат блиску до екранот од телевизорот.
Поради што настанува кратковидоста?
Настанува поради појако прекршување на зраците или поголема должина на очното јаболко од нормалната, при што зраците кои доаѓаат од бесконечност се сечат пред мрежница, наместо на самата мрежница и сликата која се создава не е јасна туку разлеана. Затоа пациентите за да гледаат појасно замижуваат, на тој начин ја стеснуваат зеницата и така влегува помала количина на светлина и сликата станува појасна.
Поделба според степенот на јачина:
Ниска кратковидост: до –6.00 D
Средна кратковидост: од –6.25 D до –12.00 D
Висока кратковидост: –12.25 D до –18.00 D
Корекција на кратковидост
Кратковидоста се корегира со очила со диоптерски леќи во минус, контактни леќи и со ласерска корекција.
Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.