facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Луѓето кои имаат проблеми со видот мора да донесат важна одлука: дали да носат контактни леќи или очила. Некои луѓе поради самата помисла дека треба да стават нешто во окото избираат очила. Другите се чувствуваат непријатно и неудобно да носат нешто на лицето. Очилата и контактните леќи имаат голем број на предности, но исто така имаат недостатоци, во зависност од потребите на лицето кое ги носи.

И очилата и контактните леќи обезбедуваат прецизен и јасен вид без разлика дали сте кратковиди или далековиди. Очилата обезбедуваат кристално чист поглед, со ограничено видно поле, при движење на очите во страна се гледа самата рамка. Контактните леќи обезбедуваат поприроден вид, бидејќи можете да гледате кристално чисто додека ги движите очите во сите сакани насоки, без ограничување на видното поле.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Предности

Постојат безброј стилови, големини, бои и типови на очила. Некои луѓе со совршена видна острина носат очила за да го подобрат својот изглед за одредени прилики. Контактни леќи, исто така, носат луѓе без проблем со видната острина за козметички причини, најчесто за промена на бојата на очите. И контактните леќи се достапни во различни бои и се произведуваат од страна на разни производители, како и диоптерски очила.

Недостатоци

И очилата и контактните леќи имаат свои недостатоци. Очилата може да се скршат, свиткуваат или гребат, ако не се третираат правилно. Поправките може да бидат доста скапи, понекогаш дури и толку многу што немате друг избор освен да купите нови очила.

Ако носите контактни леќи, најважно е да ги исчистите правилно и да ги почитувате упатствата на вашиот оптометрист или офталмолог. Инаку, тие можат да предизвикаат многу проблеми со очите.

Одржување

Со очилата обично добивате крпа за чистење и кутија за чување. Кога ги вадите очилата од вашето лице, секогаш чувајте ги во кутијата за да го намалите ризикот од оштетување или гребење.

За одржување на контактни леќи се користат течности за одржуање и касетки за чување на контактни леќи. Течностите помагаат да се отстранат сите бактерии и страни тела од контактните леќи, за да му се обезбеди на корисникот јасен вид и безбедно користење.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.