Сподели

Офталмолозите дефинираат неколку основни предуслови што мора да ги имате за да бидете кандидат за ласерска корекција на видот.

Основни предуслови за вршење на ласерска корекција на видот се:

  • Кандидатот да има на 18 години.
  • Диоптерот мора да биде стабилен или непроменет барем најмалку една година.
  • Диоптерот мора да биде во опсег од -12.00Dsph до +6.00Dsph, а астигматизам до 6.00Dcyl.
  • Рожницата на пациентот мора да биде здрава, што се утврдува со целосен преглед на окото.
  • Многу ниски и многу високи диоптрии не се отстрануваат со ласерска операција.

Значи, без разлика дали сте кандидат за ласерско отстранување диоптријата и кој метод е оптимално решение за вас, се утврдува на офталмолошки преглед кој вклучува преглед на медицинска историја и комплетен преглед на очите, како и разговор со пациентот.

Испитувањето на окото трае околу 2 часа, зениците се прошируваат и пациентот не е во можност да вози тој ден, поради што се препорачува да се придружува од друго лице или да се транспортира со такси. Самата операција трае околу 20 минути, значително пократоко од пред оперативниот преглед.

optometrija.mk

Ако сакате да се ослободите од очилата или контактните леќи, ласерската корекција на видот е вистинското решение за вас.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: