Далековидост или хиперметропија (Hypermetropia) е рефракциска грешка на окото, во која, светлосните зраци се сечат зад мрежницата, а на мрежницата се создава нејасен, разлеан лик.
Симптоми на далековидност
Континуиран напор за изострување на видот предизвикува главоболки и замор во очите. Овие потешкотии обично се јавуваат при работа на близина и при долго читање. Кај далековидоста зраците се прекршуваат позади мрежницата, на не на самате мрежница.
Далековидоста може сами да ја коригираме, бидејќи окото има способност за акомодација (прилагодување на очната леќа за гледање на близина). Но, со долготраен притисок на очите, можно е да се зголеми степенот на далековидост или дури и да дојде до предизвикување на стабизам. Значи, и при најслаб степен на далековидост, многу е важно да се посети оптометрист или офталмолог, како би ви ја препишале соодветната диоптрија.
Корекција на кратковидост
Далековидоста се корегира со очила со диоптерски леќи во плус, контактни леќи и со ласерска корекција.
Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.