Дома ОЧИЛА Готови очила со Blue Filter, да или не?

Готови очила со Blue Filter, да или не?

Gotovi ocila so blue filter
facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Во денешниот свет на онлајн продажба, многу производи се нудат на дофат на рака. Но, не секогаш тие производи се соодветни и безбедни за користење. Особено кога станува збор за готовите очила со син филтер (Blue Filter), многу од нив немаат никаква реална заштита и се со сомнително производство. За разлика од реномираните производители на оптички леќи, како што се Zeiss, Hoya, Essilor и Divel Italia.

Со појавата на модерниот стил на продажба преку интернет, на пазарот се појавија готови очила со син филтер (Blue Filter) кои често доаѓаат од нереномирани производители. Овие очила обично се произведуваат со ниски стандарди и не обезбедуваат вистинска заштита од плавата светлина. Без оглед на тоа дали ги купувате од продавница или онлајн, важно е да бидете информирани за квалитетот и ефективноста на очилата кои ги носите. Производите кои не се од реномирани брендови како Zeiss, Hoya, Essilor и Divel Italia, можат да бидат потенцијално штетни за вашите очи и општата здравствена состојба.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Во ова денешно модерно време, многу компании произведуваат производи кои имаат единствена цел – профит и само профит. Без обзир на штетните влијанија на производите, врз крајните потрошувачи и нивното здравје. Овие готови очила со син филтер се често направени со минимални трошоци и се продаваат по ниски цени за да привлечат купувачи. Но, овие производи често не ги исполнуваат потребните стандарди за заштита на очите. Недостатокот на соодветни тестирања и контрола на квалитет значи дека овие очила можат да имаат многу недостатоци.

glavobolka od ocila

Штетни дејства од готовите очила со син филтер

  • Нејасен вид: Овие очила често не се прилагодени на специфичните потреби на корисникот, што може да резултира со нејасен вид. Тоа може да предизвика напрегање на очите и замор.
  • Главоболка: Поради неадекватната корекција и заштита, корисниците на овие очила често добиваат главоболка. Ова се должи на неправилната фокусирање на леќите.
  • Недоволна заштита од плавата светлина: Иако овие очила можат да имаат плав антирефлекс, тоа не значи дека обезбедуваат вистинска заштита од плавата светлина. Само квалитетни леќи со специјални филтри можат ефикасно да ја блокираат штетната сина светлина.
  • Аберации на леќите: Ниско квалитетните леќи често имаат оптички аберации кои ја изобличуваат сликата. Ова може да биде многу непријатно и да предизвика замор на очите.
  • Недоволна транспарентност на леќата: Евтините леќи често не се доволно транспарентни, што значи дека не пропуштаат доволно светлина и ја намалуваат видливоста, особено во слабо осветлени средини.

Важноста на квалитетните очила

За да се избегнат овие проблеми, важно е да се инвестира во квалитетни очила кои се купуваат во очни оптики. Рамката може да се избира според вкусот и стилот, според обликот на лицето, но леќите треба да бидат од реномирани производители и да обезбедуваат вистинска заштита од плава светлина. Овие леќи можат да бидат без диоптрија или со диоптрија, во зависност од потребите на корисникот.

devojka vo optika so ocila blue filter

Не постојат готови очила кои можат целосно да ги задоволат вашите визуелни потреби и да обезбедат соодветна заштита од плавата светлина. Сите очила треба да се купуваат во очна оптика каде што ќе бидете професионално советувани од страна на стручни лица. Посетата на оптометрист ќе ви помогне да утврдите дали ви се потребни очила со заштита од плавата светлина и дали тие треба да бидат со или без диоптер. Важно е да разберете дека готовите очила со диоптер од нереномирани брендови не се соодветно решение и дека ако леќите имаат плав антирефлекс, тоа не значи дека имаат вистинска заштита од плава светлина.

За вашето здравје на очите и за јасен вид, инвестирајте во квалитетни оптички леќи од реномирани производители. 

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.