Сподели

Кога вашиот вид не е совршен, мора да почнете да носите очила. Но, во суровиот свет на средното училиште, носењето на очила може да претставува вистинско мачење особено поради навредливите прекари. Ова може да доведе до избегнување на носењето на очила, дури и доколку навистина се потребни за корекција на недостатокот или состојбата на вид.

Тоа можеме да го забележиме кај многу возрасни кои сакаат да го задржат својот младешки изглед. Намалувањето на видот е неизбежен дел од стареењето, па отфрлањето на очилата и вршењето на притисок врз видот и не е толку необично.

Прашањето е, доколу треба да носиме очила, а не ги носиме, дали можеме да го влошиме нашиот вид?

Што значи да имаме лош вид?

Кога зборуваме за „лош вид“ не опишуваме само една состојба. Всушност, постојат голем број на различни проблеми кои една личност може да ги има кои може да доведат до оштетување на видот. Кај децата, матното гледање обично е резултат на рефрактивни грешки (кратковидност или далекувидост), астигматизам, или како резултат на мрзливи или вкрстени очи.

Миопија (кратковидност) и хиперопија (далекувидност) се најчестите форми на проблеми со видот, но астигматизамот исто така е честа појава. Овие оштетувања се должат на обликот и големината на рожницата во однос на окото, бидејќи рожницата е местото каде светлината и сликата се „фокусираат“ за ние да ја видиме. Кога светлината не се фокусира правилно, сликите ги гледаме матно во одредени услови.

Иако се верувало дека овие проблеми се диктираат од генетиката, сепак генетската предизпозиција за овие состојби може да се влоши со некои навики во однесувањето, како на пример премногу време пред екран, читање, напрегање на очите на млада возраст (особено корисниците на паметни телефони). Комбинацијата од генетиката и факторите на однесување може да ги предизвикаат раните проблеми со видот во младоста.

За овие услови, очилата помагаат да се надомести несогласувањето во формата на рожницата и да гледаме јасно без напрегање на очите. Доколку постојано ги напрегаме очите за да гледаме јасно, постои голема веројатност да имаме постојани главоболки и недостаток на концентрација. Меѓутоа, тоа не значи дека видот ни се влошува, туку едноставно ги принудуваме очите да работат понапорно со можност за појава на голем број на непријатни несакани ефекти.

Малку покомплицираните проблеми со видот кои се јавуваат кај децата, како што се мрзливите очи (амблиопија) или вкрстените очи (страбизам) се различни од проблемите со заматениот вид. Овие проблеми всушност можат да бидат коригирани со одредени видови на очила. Доколку некое дете има вакви проблеми, а не носи наочари, тогаш состојбата може да продолжи да се влошува и да прерасне во постојан проблем.

А што кога ќе остареме?

Постојат и други проблеми со видот, како на пример катаракта, галуком и макуларна дегенерација. Ова последново ни се случува полека на сите, како што старееме.

Резултатот од оксидацијата и влијанието на слободните радикали во очите предизвикува постепено распаѓање на нашата макула, поради што на голем број на луѓе им се потребни очила како што стареат.

Макуларната дегенерација штети на нашата способност да користиме централен фокусиран вид, поради што ги попречува активностите како читање и возење.

Доколку не се носат очила за овој вид на проблем со видот, во оваа фаза од животот, нема директно да му се наштети на видот, ниту пак ќе се влоши побрзо. Едноставно ќе предизвика напрегање на очите, што ќе доведе до главоболки, неможност за фокусирање, двоен вид и други симптоми, кои уште повеќе ќе го отежнат видот и ќе ги ослабат мускулите во окото.

Повеќето проблеми со видот се анатомски и физиолошки по природа, што значи дека со носењето на очила ќе го вратиме нашиот вид во нормала, притоа спречувајќи го напрегањето на очите, но тоа не е исто како и да го поправиме проблемот. Или со други зборови, носењето на очила претставува средство за ублажување на симптомите на ефикасен начин, а не целосно отстранување на истите.

Најдобар начин за да се заштитите од проблемите со видот е да го минимизирате оштетувањето на очите, како изложувањето на сонце, одржувањето на соодветната хигиена, редовни прегледи и витамини (бета-каротенот кој го содржат морковите е одличен за очите).

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: