Сподели

Ако мислите дека сите деца имаат здрави очи и добар вид, се лажете. Секое четврто дете има проблем со видот, кој подоцна предизвикува тешкотии во учењето и влијае на однесувањето на детето.

Причината може лесно да се види, голем број деца никогаш немале добар офталмолошки преглед. Децата не се свесни дека им се потребни очила и корекција на видот.

Проблемите со видот укажуваат на други проблеми за децата

Често, на децата поради слаб вид се дијагностицира целосно неповрзано нарушување во однесувањето, како што се ADHD (нарушување на хиперактивноста и недостаток на внимание).

Ваква грешка во дијагнозата може да започне верижна реакција за децата, како и родителите, од непотребни посети на лекар, индивидуални програми па се до најразлични лекарства. Кога всушност вистинското решение за нивните проблеми се крие токму пред носот: очила за вид!

Офталмолошко преглед за деца или училишната проверка на видот?

Ако сте еден од родителите кои веруваат во училишните прегледи и нивните резултати, тогаш не сте во право. Овие едноставни проверки можат да укажат на некои основни проблеми, но не и на сите проблеми. За најдобри резултати во училиштето, за развојот во животот, на вашето дете му треба квалитетен и темелен преглед на очите од страна на офталмолог!

Како ќе ги забележам проблемите со видот на моето дете?

Полесно е да се забележат проблемите со видот кога знаете што барате! Обратете внимание на следниве симптоми и однесувања:

  • Избегнува да чита или анимозитет спрема читање
  • Тешкотии во фрлање или фаќање на топки
  • Тешкотии при препишување од училишната табла
  • Тешкотии при прзување на врвките од обувките
  • Приближување на книгата премногу блиску до лицето или седење  премногу блиску до телевизорот
  • Често трепкање или триење на очите

Запомнете, вашето дете не може да ви каже дека има проблеми со видот – децата не се свесни за тоа што значи добро да се гледа! Не дозволувајте здравјето на нивните очи да биде во нивни раце. Препуштете го тоа на професионалец и на вашето дете обезбедите му добар офталмолошки преглед!

 

Оставите коментар: