facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Слабовидноста или амблиопијата можеме да ја дефинираме како намалување на визуелната острина поради неактивност на самото око. Центарот за видот во мозокот не може да ги обработува информации што доаѓаат од амблиопното око, но примаат само визуелни ефекти на здравото око.

Амблиопијата се јавува најчесто во детска воздраст, кога се развива точка на јасниот вид – макула. Често се појавува заедно со страбизам и други рефракциски грешки, но може да биде и без нив. Појавата на амблиопија исто така може да се предизвика од долготрајно преклопување на едното око, на пример во случај на повреда.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Третман на амблиопијата

Семејството, животната средина, но и самото детето, не може да го забележи проблемот. Слабиот вид се открива на систематски преглед. Што се однесува до лекувањето, не постојат специфични лекови за лекување на амблиопијата. Можно е да се дејствува само на одредена возраст, помеѓу третата и деветтата година од животот, со посебни вежби и редовната оклузија на здравото око. На подоцнежна возраст, промените се неповратни, што значи дека амблиопијата може да биде целосно или делумно излечена само во раната возраст.

Целта на третманот е да се направи активност на амблиопното око. Се елиминира окото со нормална видна острина, односно здравото око. Неговото исклучување се постигнува со оклузија која се поставува на очилата или директно преку окото. Исто така, може да користиме фластер или непроѕирна контактни леќи.

 

Со оклузија на здравото око треба да се започне што е можно порано. По шест години од живот, шансите да се постигне подобара видна острина се радикално помали. Исто така, временскиот период на оклузија на окото постепено се намалува со подобрувањето на видната острина. На почетокот на третманот, окото може да биде покриено цел ден, на крајот од третманот доволно е да се покрие само еден час на ден. Прогнозата за успех во третманот е индивидуална и, пред сè, зависи од навремено откривање на амблиопијата и соодветниот третман.

При третманот на лицата со амблиопија треба да се пристапи со најголема одговорност и трпеливост, затоа што се работи за иднината на детето. Треба да се знае дека нетретираната амблиопија со која детето влегува во животот значи неможност за подобрување на видот на окото со амблиопија или практично кажано, живот со едно око. Овој факт ја ограничува способноста на детето да учи, да се занимава со спорт, да го ограничи изборот на професија и има значително влијание врз неговата иднина.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.