Сподели

Витамин А се наоѓа во многу намерници, вклучувајќи и лиснат зеленчук, морков, компир, тиква, јајца, итн. Недоволно конзумирање на витамин А преку исхраната доведува до дефицит на витамин А.

Витаминот А игра значајна улога во здравјето на очите, особено во производството на пигментот родопсин. Дефицитот на витамин А го спречува производството на наведениот пигмент, и се јавува ноќно слепило.

Дефицитот на витаминот А, исто така, влијае на исхраната на рожницата и одржувањето на солзниот филм. Се смета за водечка причина за слепило кај децата. Се проценува дека 250.000 до 500.000 деца ослепеле од недостаток на витамин А.

Симптоми

Најчестите симптоми на дефицит на витамин А се губење на видот и слепило. Губењето на видот често почнува како намалена адаптација на темно или како ноќно слепило. Таквите луѓе гледаат добро ако има доволно светлина.

Третман

Дефицитот на витамин А може да се третира со суплементи (додатоци во прехраната). Количеството додатоци во исхраната зависи од возраста на детето. Додатоците на витамин А може да ја подобрат состојбата на ноќно слепило и да помогнат со подобро подмачкување на очите, но во случај на чиреви и губење на видот нема ефект.

Оставите коментар: