Сподели

Ако сакате да купите нов пар на Ray-Ban очила за сонце или веќе сте купиле преку интернет, осигурајте се дека мудро сте ги потрошиле парите. Следејќи ги овие правила, ќе можете да откриете кој се лажни, а кој се оргинални Ray-Ban очила за сонце.

1. Квалитет

Држете ги Ray-Ban очилата за сонце и погледнете ги внимателно. Дали имаат одредена тежина? Дали се доволно цврсти? Сите оригинални Ray-Ban очила се изработени од висококвалитетни материјалииздржливи се и се изработени од ацетат. Кога станува збор за леќите на Ray-Ban очилата за сонце, повеќето од моделите користат супериорно стакло. Иако ако наидете на некој друг материјал, останете смирени, најверојатно тоа е понов дизајн – тие не ги користат исклучително ексклузивните стаклени леќи.

2. Потекло

Сите Ray-Ban очила се направени во Италија. Нели? Па, изненадувачки, не сите. Луѓето имаат тенденција да веруваат дека “Made in China” е знак кој се појавува на брендот Ray-Ban е показател за фалсификат. Сепак, производителот Luxottica, Ray-Ban, има свои фабрики во Кина и во Италија. Иако поголемиот дел од производството е со седиште во Италија, неколку модели сè уште се произведуваат исклучиво во Кина, или во двете италијански и кинески фабрики. Сепак, не постои сомневање дека стандардите за квалитет остануваат исти.

3. Содржина

Сите Ray-Ban очила за сонце доаѓаат со соодветна амбалажа за која треба да бидете свесни.

Картонска кутија:  Сјајно сребрена картонска кутија со логото на Ray-Ban на неа. На едната страната, треба да постои етикета со баркод- доказ за реномирана продажба.

Футрола: Ray-Ban произведува различни футроли за различни модели на очила, меѓутоа, повеќето од нив наликуваат на вистинска кожа. Секоја Ray-Ban футрола, исто така, треба да има сјајно златен или црн печат на предната лева страна со назнака “100% UV Protection – Ray-Ban – Sunglasses By Luxottica”. Како исклучок, кога станува збор за производите на Ray-Ban Junior, тие исто така можат да дојдат во обоена текстилна торбичка.

Крпче за чистење: Не заборавајте за брендирано крпче за чистење на Ray-Ban – секогаш изработено од висококвалитетен материјал и со лого кое фалсификаторите често го пропуштаат.

Брошура:  Постојат неколку водичи кои пишуваат за автентичност или гарантен сертификат. Вистината е дека не постои. Пакувањето со Ray-Ban секогаш вклучува мала брошура која содржи промотивни слики, карактеристики на производите и правила кои сумираат како да се грижите за вашите очила. Но, оваа брошура не е сертификат за автентичност. Во секој случај, секогаш бидете внимателни за какви било правописни или фактички грешки внатре во оваа брошура – тие не треба да постојат.

4. Ray-Ban лого

Има неколку карактеристики за вистински Ray-Ban производ кој треба да го вклучуваат логото на Ray-Ban. Како што можете да видите на сликата подолу, ова класично лого на Ray-Ban секогаш е видливо на леќите.

Леќи: Поголемиот дел од производите на Ray-Ban вклучуваат “RB” гравирани на левата леќа веднаш до самиот раб на рамката. Ако имате поларизирана верзија, ‘Ray-Ban P’ треба да биде врежано во горниот агол на десната леќа. Ако продавачот ви каже дека очилата за сонце се со поларизација, а озната “P” недостасува бидете претпазлив, вашите очила за сонце или не се поларизирани или не се оригинал.

Производите на Ray-Ban, исто така, вклучуваат висококвалитетна налепница со логото на Ray-Ban, кое е поставено на самата леќа. Сите знаци на лепак под налепницата може да укажат на лажни очила за сонце.

Носници или папучки:  Металните Ray-Ban очила за сонце обично ги имаат овие транспарентни носници. Повторно, можете да забележите комбинација на “RB” озната врежана во нивниот центар.

5. Ознаки на самите рачки

Кога внимателно ги гледате ознаките на самите рачки, тие треба да содржат некои информации за производот директно на внатрешната лева рачка – број на моделот и детали за големината. На предната страна на рачката има “Ray-Ban” ознака. Проверете го беџот, треба да биде мал и прикачен со иглички, наместо залепен.

На прв поглед, купувањето на лажни очила за сонце може да изгледа како добара зделка. Сепак, на крајот на денот, ова не е сосема добро. Добивате очила за сонце со помал квалитет и лоши материјали штетни за здравјето на вашите очи. Секогаш бидете внимателни и внимателно грижите се за вашите очи. Никогаш не жалете за инвестирање на вашите пари на квалитетни очила за сонце – тие вредат за секој денар, сериозно! 
Оставите коментар: