Сподели

Целта на ова видео е визуелно да се прикаже ефектот на готовите очила со “Blue Filter” кои се продаваат во несоодветни продавници и на интернет, без грижа за здравјето на крајните потрошувачи кои ги користат овие штетни очила. Со ова виедео се надеваме дека ќе влијаеме и ќе ја кренеме свеста на луѓето за тоа што е добро, а што лошо за нивните очи.

Како единствен портал за здравјето на очите ние сме загрижени за недостатокот на информации за лажните и вистинските оптички леќи за заштита од штетните зраци и блокирање на истите.

Не залажувајте се со ефтини готови “Blue Filter” очила што ги гледате на интернет или во најразлични неспецијализирани продавници,  бидејки ја немаат заштитата што ви е потребна на Вас и Вашите деца. Особено сега кога употребата на електронските уреди како компјутери, таблети и смартфони ни е онеопходна во секојдневниот живот.

Препорака: Не верувајте дека сите оптички леќи ја имаат соодветната заштита која ви е потребна. Обратете се кај стручните лица во вашата најблиска оптика, тие секогаш ќе ви го препорачаат најдоброто за Вас, се со цел за доброто здравје на Вашите очи и очите на Вашите деца.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: