Сподели

Оптометрија е професија која одамна е позната во Европа и во светот. Во нашиот регион, јавностa сè уште не е доволно запознаена со оваа гранка во здравството. Тоа е специјализација  чија главна задача е корекција на видот.

Значи, оптометристи се специјалисти обучени да направат преглед на очите, да откријат разни абнормалности на видот, и да ги идентификуваат можните болести кои влијаат на окото или визуелен систем на човекот. Обраќањето кон таков експерт сигурно може да биде неопходно и најкорисно.

Оптометријата е една од трите дисциплини вклучени во грижата за видот. Со оптометрист дејствуваат офталмолозите кои обезбедуваат здравствена заштита, и оптичари, кој обезбедуваат оптички помагала како што се очила и контактни леќи.

Која е разликата помеѓу оптометристот и офталмологот?

Оптометристот е квалификуван за вршење на визуелен преглед и третман на состојби како што се кратковидост, далекувидноста, астигматизам и презбиопија. Тој е оспособен за препишување на диоптерски очила и контактни леќи. Тој е запознаен со сите видови оптички леќи и контактни леќи и е обучен за подготовка и изработка на диоптерски очила. Исто така, ги препознава болестите и воспалението на окото, како што се; кератоконус, конјунктивитис и други. Во случај кога има потреба, пациентот го упатува кај офталмолог за третман на овие состојби. Нема право да оперира  или да се третира болно око.

Офталмолог е доктор кој обезбедува комплетна нега на очите. Не е директно поврзана со изработката на диоптерски очила и обично не дава совети за избор на диоптерски леќи. Медицински ги третира сите болести на окото и повредите, и врши хируршки зафати.

Главната разлика помеѓу оптометристот и офталмологот е тоа што, оптпметристот виши квалитетна контрола на видот на пациентот и го советува кој тип на оптички леќи и контактни леќи да ги  избере, во зависност од неговата потреба и предиспозиција. Но, од друга страна не лечи и не оперир болно око, како што е случај со офталмолог.

Facebook Comments