Откако ќе инвестирате во вашите очила, правилно чистење и одржување на очилата може да ве поштеди од дополнително давање на значителни суми на пари во иднина. Знаејќи го најдобриот начин да ги исчистите вашите очила и како правилно да ги чувате, е првиот чекор кон нивната долговечност.
Грижа за вашите очила и нивно одржување
- Носете ги очилата за читање на врвка околу вратот за да ја намалите можноста да ги изгубите или да ги скршите.
- Кога ќе ги извадите очилата за читање од вашето лице, направете го тоа лесно и по можност со двете раце. Ова ќе го спречи раширувањето на очилата.
- Избегнувајте да носите очила на врвот на главата, бидејќи рачките ќе бидат под притисок, со текот на времето да ги раширите очилата.
- Кога ги оставате очила на рамна површина, секогаш ставете ги така што оптичките леќите ќе бидат горе, а рачките доле. Така избегнувате гребење на површината на оптичките леќи.
- Избегнувајте да ги оставате очилата за читање на контролната табла на автомобилот, бидејќи интензивната, директна топлина може да ги деформира.
- Избегнувајте го задржувањето на пот и лак за коса на оптичките леќи, бидејќи може да се оштети премазот на оптичките леќи.
Како да ги исчистите очилата?
Оптичките леќи на очилата може да станат валкани со секојдневно носење. Ова е особено случај со очилата за читање, бидејќи тие често се ставаат и вадат.
1. Исплакнети ги со вода од чешма
Ако вашите очила се навистина валкани поради извршување на работни задачи и се покриени со нечистотија и прашина, најдобро е да ги исплакнете со вода од чешма пред да ги исчистите.
2. Користете соодветно сретство за чистење
Поголемиот дел од времето, ќе ги чистите вашите очила за да ги отстраните маснотиите од вашата кожа или отпечатоците од прстите што се пренесуваат на леќите од самиот контакт. Посебено сретство ќе ви помогне да ги отстраните дамките од оптичките леќи. Сретството за чистење на оптичките леќи побарајте го во вашата најблиска оптика.
3. Користете соодветни крпчиња за чистење
Важно е да користите соодветен тип на крпче кога ги чистите вашите очила. Некои крпчиња од текстил, како волна или одредени синтетички ткаенини, можат да ги оштетат оптичките леќи или да остават несакани влакна. Со крпчиња од ткаенина од микрофибер може лесно да се отстранат дамки од маснотии на оптичките леќи. Можете исто така да користите чиста памучна маица но внимавајте на неа да нема никаков принт кој исто така може да ги оштети вашите оптички леќи.
4. Чистете ги очилата во правилна положба
Кога ги чистите оптичките леќи, очилата треба да ги држите за предината на рамката и и така нема да ги допирате лечите.
5. Нежно бришете ги од една кон друга страна со кружни движења
Бришете ги со кружни движења од една кон друга страна. Знајте дека средството за чистење ги отстранува масните слоеви не само од леќата туку и од перничињата за носот.
Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.