facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Експертите посочуваат дека треба да се заштитат очите, устата, носот како и рацете со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Еве зошто очите се толку важни во појавата на корона вирусот (COVID-19) и Ви препорачуваме четири начини со кој можете да се заштитите.

Корона вирусот може да се шири преку очите

Корона вирусот предизвикува блага, но и тешка респираторна болест. Симптомите како што се треска, кашлица и отежнато дишење може да се појават од 2 до 14 ден откако лицето ќе биде заразено.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Ограничувањето на изложеноста на очите може да ви помогнат. Еве зошто:

  • Кога едно заразено лице кашла или разговара, се пренесуваат ситни капки од вирусот од устата или носот во лицето на другото здраво лице. Најверојатно ќе ги вдишете овие капки преку устата или носот, но истите можат да влезат и преку очите.
  • Луѓето кои имаат корона вирус, исто така, можат да ја шират болеста низ нивните солзи. Допирањето на солзите или површината каде се слетале солзите може да биде уште еден извор на инфекција.
  • Вие исто така може да се заразите со допирање на нешто што има вирус на него – како работна површина, разни предмети, пари и потоа да ги допрете очите.
optometrija.mk

Коронавирусот може да предизвика конјуктивитис – но тоа е ретко

Ако видите некој со црвено око не кревајте паника. Не значи дека лицето е заразено со корона вирус. Но, здравствените експерти веруваат дека вирусно црвено око или конјунктивитис се развива кај околу 1% до 3% од луѓето со корона вирус. Вирусот може да се шири со допирање на исцедокот од очната водичка од окото на заразеното лице.

Четири начини да си помогнете себе си и на другите:

Важно е да се запамети дека иако постои многу загриженост за корона вирусот, мерките на претпазливост на здравиот разум можат значително да го намалат ризикот од зарази. Затоа, убаво измијте ги рацете, држете ја хигиената на високо ниво и за вашите контактни леќи и избегнувајте да ги допирате или триете носот, устата и особено очите.

1. Ако носите контактни леќи, префрлете се на очила на некое време

Корисниците на контактни леќи ги допираат очите повеќе од просечната личност. Размислете да носите очила почесто, особено ако имате тенденција многу да ги допирате очите. Заменувањето на контактните леќи за очила може да ја намали иритацијата и да ве натера да застанете пред да го допрете окото. Ако продолжите да носите контактни леќи, следете ги овие совети и со тоа намалете ги шансите за инфекција.

2. Носењето очила може да додаде слој на заштита

Корективните леќи или очила за сонце можат да ги заштитат очите од заразените респираторни капки. Но, тие не обезбедуваат 100% сигурност. Вирусот сè уште може да дојде до очите од страничните делови. Ако се грижите за болен пациент или потенцијално изложено лице, безбедносните очила може да понудат посилна одбрана.

3. Не прескокнувајте очен преглед, туку превземете мерки на претпазливост

Доколку сте на очен преглед, можеби сте нервозни кога одите во очната ординација. Оптометристите и офталмолозите секојдневно седат лице в лице со многу пациенти. За време на прегледот , лицето на оптометристот или офталмологот ќе биде оддалечено само неколку метри од вашето. Но, бидете сигурни дека оптометристите и офталмолозите, како и сите медицински професионалци, следат строги упатства за хигиена и дезинфекција.

Може да забележите некои промени во редовната рутина:

  • Вашиот оптометрист или офталмолог може да користи медицинска маска. Ова помага да се блокира размената на здив, ситни капки помеѓу оптометристот или офталмологот и пациентот.
  • Оптометристите и офталмолозите во критичните места носат маска со пластичен штит над очите.
optometrija.mk

4. Избегнувајте да ги триете очите

Сите тоа го правиме. Иако е тешко да се наруши оваа природна навика, тоа ќе го намали ризикот од инфекција. Сувите очи може да доведат до почесто триење, затоа размислете на употреба на навлажнувачките капки за очите, вештачки солзи. Ако мора да ги допрете очите од било која причина, дури и да употребувате лекови за очи, прво измијте ги рацете со сапун и топла вода најмалку 20 секунди.

И не заборавајте…

Центрите за контрола и превенција на болести нудат општи упатства за спречување на ширење на коронавирус и заштитата на вашето здравје:

  • Почесто мијте ги рацете со сапун и топла вода најмалку 20 секунди.
  • Особено треба да ги миете рацете пред јадење.
  • Ако во моментот не можете да стигнете до мијалник, користете антибактериски гел кој има најмалку 60% алкохол.
  • Избегнувајте допирање на лицето – особено очите, носот и устата.
  • Ако кашлате или кивате, покријте го лицето со лактот или дланката. Ако користите шамивче, фрлете го веднаш по употребата. Потоа одете измијте ги рацете.
  • Избегнувајте близок контакт со болни луѓе.
  • Останете дома ако сте болни.
  • Редовно дезинфицирајте ги вообичаено допираните површини и предмети во вашата куќа или работно место.
optometrija.mk

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.