facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Доколку продолжат сегашните трендови, половина од светското население би можело да стане кратковидо за нешто повеќе од три децении. Додека една петтина од населението ќе има значително зголемен ризик од слепило.

Според најновите истражувања, се очекува дека од 2020 до 2050 година, ќе се забележи седумкратно зголемување на бројот на лица со кратковидост, а научниците сè уште не се во можност да го дадат одговорот која е причината.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Првото нешто што ми доаѓа на ум е генерациската потреба за екраните на компјутерите, паметните смартфони и таблетите, но на крајот на краиштата нештата не се толку едноставни.

Бројот на лица со кратковидост помеѓу 1970-тите и раните 2000-ти скоро двојно се зголемил, додека во одредени области во ссветот зголемувањето е уште подраматично.
Една неодамнешна студија открива дека 96% од тинејџерите во Јужна Кореја се кратковиди, додека во Сингапур, Кина и Јапонија, степенот на кратковидост кај тинејџерите е околу 80-90 проценти.
Податоците од истражувањето покажуваат дека во 2000-та година, околу 1,406 милиони луѓе биле дијагностицирани со миопија (22,9 проценти од светската популација).

 

optometrija.mk

Предвидуваме дека до 2050 година ќе има 4,758 милиони луѓе со кратковидост (49,8 проценти од светската популација), а 938 милиони ќе имаат висока миопија – велат научниците.

Овие промени во моментов се објаснети со „фактори на животната средина, промените во животниот стил кои резултираа со комбинација на намалено количество на време поминато надвор и зголемени активности што ги правиме во затворени простории, меѓу другото“.

Најлошо не е времето поминато пред екраните, бидејќи миопијата започна да расте пред ерата на паметните телефони и масовната употреба на компјутерите, туку намалувањето на времето поминато надвор.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.