Сподели

Светлината се шири низ просторот во бранови кои се движат во сите правци. Ако тие се рефлектираат од рамна површини како што се: стакло, снег, површина на водата, влажен пат итн., тогаш ова светло станува поларизирано.

Поларизираната светлина се движи само во две рамнини, хоризонтална и вертикална. Вертикално поларизираната светлина е многу корисна за нашата вид затоа што ни овозможува да видиме контраст и боја, додека хоризонталната поларизирана светлина создава непријатен отсјај. Токму за да се отстрани негативниот ефект на хоризонталната поларизација, се користи поларизираниот филтер.

        Без поларизација                       Со поларизација

Очилата за сонце со поларизација ги пропуштаат само позитивни вертикални зраци. Гледајќи низ нив, видот е  пријатен, контрастен и без непријатен отсјај. Во комбинација со висок квалитет на UV филтер обезбедува сигурна заштита од сонцето, високо ниво на острина на видот, значително намалување на уморот на очите и одлична перцепција на бои.

Предностите и придобивките кои ни ги носат поларизираните очила за сонце се забележат во секојдневниот живот, спортот и релаксацијата. Таквите очила за соце ги штитат очите од прекумерното и штетно зрачење, го намалуваат притисокот на очите и ги спречуваат дегенеративните промени во окото. На возачите им овозможуваат подобар поглед кон сонцето, кое се рефлектира од влажни, топли или снежни површини. На крајот, можеме да заклучиме дека поларизирани очила за сонце го  намалуваат одблесокот предизвикани од рефлексијата од сјајните површини, а со тоа зголемување на квалитетот на видот и обезбедување дополнителна заштита на нашите очи.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: