optometrija.mk
facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Студијата објавена во Американската национална библиотека за медицина докажа дека децата кои користат паметни телефони можат да добијат синдром на суво око на многу рана возраст.

Истражувачите ги проценија факторите на ризик за синдром на суво око кај учениците кои користат различни дигитални уреди.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Студијата опфати 916 ученици од прво до шесто одделение од основно училиште. Ученици од 7 до 12 години, а истражувачите се фокусирале на симптомите на синдромот на суво око.

Децата пополниле прашалник со нивните родители за видот на дигиталните уреди што најчесто ги користат (смартфон, таблет, компјутер) и колку време поминуваат на овие уреди. Исто така, биле собрани податоци за времето кое децата го поминувале на отворено.

Севкупно, 6,6% од децата покажале знаци на синдром на суво око. Децата кои живеат во урбани средини имаат развој на суво око отколку децата во руралните области (8,3% наспроти 2,8%). Стапката на употреба на паметните телефони била 61,3% во урбаната група и 51,0% во руралната група.

Кога се проценува според возраста, 9,1% од децата во постарата група (4 до 6 одделение) им било дијагностицирано синдром на суво око, споредено со 4,0% кај помладата група (од 1 до 3 оделение). Стапката на употреба на паметните телефони била 65,1% кај постарите деца, а 50,9% кај помалите деца.

Исто така, времето што децата го поминувале со паметни телефони било подолго во групата со симптоми на суви очи, во споредба со групата без симптоми на суви очи. Откако децата со синдром на суви очи престанале да ги користат нивните паметни телефони на 4 недели, нивните субјективни симптоми и објективни знаци на суво око се подобриле.

Авторите на студијата заклучиле дека употребата на паметни телефони кај деца е силно поврзана со синдромот на суви очи. Постарите ученици во урбаните области имале најголем фактор на ризик и застапеност на синдорм на суво око.

Авторите на студијата, исто така, истакнале дека знаците и симптомите на суви очи се подобриле кога се прекинала употребата на паметни телефони и дека засилените активности на отворено имаат заштитен ефект против сувите очи кај децата.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.