Понудата на диоптерските очила е широка и има многу критериуми за избор. Освен за цена, одлучувате, какви оптички леќи сакате и за каква потреба ви се очилата, очила за пред компјутер, за спортување. Првиот критериум за кои ке одлучувате може да биде материјалот на оптичките леќи. Постои широк избор на диоптерски леќи стаклени, пластични и поликарбонатни леќи.
Која е разликата во материјалот на оптичките леќи?
Стаклените (минералните) леќи се најтврди, отпорни од гребнатини, а главниот недостаток е поголема тежина и фактот дека полесно се кршат. Пластичните леќи се речиси двојно полесни, тешко се кршат и по нанесувањето на тврдиот слој се релативно отпорни на гребење. Овој тип на леќи е особено погоден за поголема диоптрија (за помала тежина) и за деца (поради безбедносни причини). Поликарбонатните оптички леќи се потенки и многу отпорни на гребење, но нивната цена е повисока.
Дебелина на оптичките леќи
При изборот на соодветната оптичка леќа, вашиот оптичар исто така ќе ве праша колкав индекс на прекршување сакате, особено ако имате поголем диоптер. Оптички леќи со висок индекс на прекршување се одлично решение за оние кои претходно мораа да носат дебели оптички леќи. Колку е поголем индексот на прекршување, леќата е потенка. Дебелината на оптичката леќа зави и од големината на диоптерот.
Каков предност имаат антирефлексните оптички леќи?
Антирефлексниот слој има многу предност како и за вашата безбедност, особено при возење, овој слој треба да биде задолжителен на сите ваши очила. Благодарение на антирефлекс слој, леќата ќе пропушти поголемиот сноп на светлина до окото. Од друга страна, истиот слој го спречува непријатниот отсјај од светлата од возилата што доаѓаат од спротивната. Исто така, ќе ви помогнат при работа во канцеларија, додека работите на компјутер.
Обоени и фотосензитивни оптички леќи
При изборот на оптичките леќи, треба да одлучите дали сакате целосно осветлени, повеќе или помалку обоени или фотосензитивни оптички леќи. Денес има фотосензитивни стаклени и пластични оптички леќи, но секогаш е препорачливо да се стави антирефлексен слој на нив (првенствено за возачите). Ако сте уморни од постојано менување на диоптерските очила за сонце, кога излегувате од затворена просторија на сонце, овој тип очила ќе ве задоволат. Фотосензитивните оптичлки леќи реагираат на УВ зраците, а производителите работеле на зголемување на брзината на осветлувањето. Сепак, понекогаш процесот може да биде побавен во зависност до надворешни услови. Ако купувате очила за сонце со диоптерски леќи, тоа ќе ве изненади, затоа што освен сива и кафеава нијанса, денес може да имате очила за сонце со диоптер во неограничен опсег на модерни бои. Во повеќето очила за сонце тшто се наоѓаат во оптиките, можно е да се вградат обоени диоптерски леќи.
Бифокални и мултифокални оптички леќи
Луѓето на возраст над 40 години се среќаваат со проблеми при гледање на близина, без разлика дали претходно носеле очила за далеку, или не. Овој проблем се нарекува старечка далековидост или пресбиопија. За луѓе со старечка далековидост, покрај традиционалните бифокални леќи, денес се достапни и мултифокални леќи, или прогресивни. Предноста на мултифокалната е дека тие овозможуваат постепен премин на видот од далечина на близина и обратно, а исто така го подобруваат видот и естетски изгледаат подобро. Мултифокалните леќи се поскапи и исто така и тие можат да бидат фотосензитивни или пак да се војат.
Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.