Сподели

Ако вашите очи одеднаш станат црвени, важно е да знаете зошто. Црвените очи може да бидат знак за итна медицинска помош. Црвените очи обично се безболни и се создаваат кога крвните садови во близина на површината на окото се зголемени или проширени.

Секогаш е најдобро да се побара медицинска помош што е можно поскоро, но постои можност црвеното око да се поврзе со следните состојби:

Конјунктивитис

Конјунктивитис преставува воспаление на слузницата на окото. Постојата инфективен коњуктивитис и алергичен коњуктивитис. Конјунктивитот може да биде предизвикан од бактерии, вируси, алергии понекогаш и шампоните. Тоа е многу честа појава, која обично не е сериозна

Блефаритис

Блефаритис предизвикува воспалението на рабовите на капаците, и може да биде предизвикана од лошата хигиена. Лојните жлезди на очен капак, алергиска реакција или бактериска инфекција, исто така, се вообичаени причинители за блефаритис. Ако имате блефаритис, ќе забележите чувство на печење во очите, обилно солзење, чешање, црвени и отечени очни капаци или суви очи. Состојбата не предизвикува трајно оштетување на очите.

Увеитис

Увеитис е воспаление на увеата (позната е исто така под името васкулозна обвивка) на окото, што може да предизвика црвенило, болка, заматен вид и чувствителноста на светло. Симптомите на оваа состојба може да се појават одеднаш и брзо да се влошат. Увеитисот треба веднаш да се третира, бидејќи може да се појават разни компликации како што е глауком.

Сува око

Солзите ги штитат очите со подмачкување, негување и заштита на површината на окото. Ако производството на солза се намали, нашите очи стануваат суви и иритирани. Хронично сушење на очите може да предизвика проширување на крвните садови, и поради таа причина очите стануваат црвени, а очната површина воспалена.

Честа употреба на “вештачки солзи”

Честата употреба на капки за очи може дури и повеќе да придонесе за ефектот на црвеното око. Пред да планирате да ги користите капки за очи, најдобро да се консултираат со офталмолозите.

Носење контактни леќи

Носењето контактни леќи понекогаш може да предизвика црвенило на очите. Некои луѓе имаат повеќе чувствителни очи, а со примена на самата контактна леќа може да дојде до црвени очи. Ако се чувствувате непријатно при носење  на контактните леќи, најдобро е да користите капки за очи што се препорачуваат за оние кои носат  контактни леќи.

Повреда на очите

Црвенилото на очите понекогаш е предизвикана од повреда. Очните крвни садови се шират за да се обноват клетките.

Акутен глауком со затворен агол

Акутен глауком со затворен агол е сериозна медицинска состојба која треба веднаш да се третира. Овој сериозен тип на глауком предизвикува болно црвенило, кое обично се јавува на едно око.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: