Сподели
optometrija.mk

Макуларната дегенерација се дефинира како дегенерација на макулата односно центарот за јасен вид. Макуларната дегенерација е поврзана со возраста и истата е најчеста причина за тешка неповратна загуба на видот кај луѓето над 60 години. Оваа форма на дегенерација е една од водечките причини за слепило во светски рамки.

Макулата предтставува центар за јасен вид, една мала област во централната ретина, која ни овозможува централен вид. Овој тип на заболување се развива како дел од природниот процес на стареење на организмот. Дегенерација на макулата означува оштетување на делот од окотото, кој е одговорен за централниот вид и фините детали кои ги гледаме.

Промените кој се јавиваат при макуларната дегенерација се трајни или иреверзибилни. Трајно оштетување на централниот вид. Болеста не предизвикува целосно слепило затоа што го опфаќа централниот вид, со што се зачувува периферниот вид.

makularna-denegeracija-ostetuvanje
optometrija.mk

Во однос на клиничките карактеристики на болеста кој што се поврзани и со финалната прогноза во однос на видната острина и последиците. Тогаш ја делиме на: две главни форми:

  • Сува форма (неексудативна) која што е по поволна во својата прогноза
  • Влажна форма (ексудативна – неоваскуларна) која што е присутна кај само околу 10% од популацијата.

Сувата форма во понапреднат стадиум може да помине во влажна форма.

Симптоми

  • Метаморфопсија – искривување на сликата, предметите и буквите.
  • Микропсија – намалување на големината на предметите.
  • Појава на темни флеки пред очите и невозможност за гледање (пациентите се жалат дека по улица не можат да ги распознаат лицата на луѓето, не можат да читат и обично се вртат настрана за да можат да се фокусираат на нешто што сакаат да го видат).

Терапија

  • Aнтиоксиданти и витамини од групата на каротеноидите (Лутеин и Зекасантин).
  • Aпликација на медикаменти во окото – интравитреална апликација на anti-VEGF.
  • Fотодинамска терапија со Visudyne.

Важното е да се знае дека ниту еден од овие методи не може да го излекува потполно заболувањето, туку со нив се добива подобрување на видната острина и се одложува прогресијата на болеста и влошувањето на видот. Шансата за успех, подобрување или одржување на постоечката состојба на видот е во просек 50% и варира од случај до случај во зависност од основната болест, големината на промените во ретината, нивната локализација и времетраењето на болеста.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: