Конјуктивитис е воспалителен процес на површината на окото и се карактеризира со васкуларна дилатација, клеточна инфилтрација и ексудација.
Се разликуваат две форми:
Акутен конјуктивитис – или обичен конјуктивит, е многу често заболување кое се јавува во сите возрасти.
Заболувањето почнува со лесна хиперемија, умерено солзење и чувство на страно тело.Набргу после првите симптоми сврзницата станува јако инјицирана, едематозна и црвена како жар. Освен обилното солзење се јавува серозна секреција која може да добие мукопурулентни карактеристики.
Хроничен конјуктивитис – е синдром за долготрајна инфламација која се манифестира со билатерална, блага конјуктивална инјекција, оксудна ексудација и задебелување и задебелување на сврзницата, пред се во нејзините форникси.






