За анизометропија зборуваме кога постои разлика во рефракционата сила помеѓу двете очи т.е кога едното око е миопно, а другото еметропно или хиперопно. Во праксата поимот анизометропија често се употребува и во случаите кога постои иста рефракциска аномалија во двете очи, но разликата е поголема од две диоптри. Така имаме миопска анизометропија ако едното око е миопно на пр. за -4.00 D, а другото за -1.00 D.
Некорегирана анизометропија може да предизвика слабовидност (амблиопија), особено ако е окото хиперметропно. Кај хиперметропните очи и анизометропија помала од 2 диоптрии често доведува до амблиопија.






