facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Кератоконусот е дегеративно заболување на рожницата, прогресивно очно заболување, при што рожницата менува својата форма. Таа почнува да се испакнува во форма на конус. Бидејќи рожницата игра важна улога во рефрактивната состојба на окото, секоја мала промена во радиусот на закривеност значително влијае на квалитетот на видот.

Болеста зафаќа околу 0,25% од населението, а најчесто се јавува во адолесцентната возраст. Исто така, постојат познати случаи на кератоконус кај деца под шест години. По правило, болеста прво се јавува на едното око, но пациентите обично бараат професионална помош кога болеста се појавила на двете очи.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Третман на кератоконус

Како што напредува болеста, најпрво се појавува кратковидост, а потоа и неправилен астигматизам. Ако болеста е откриена на време, уште во раната фаза се уште е можно да се коригира со диоптерски очила, меки контактни леќи. Последна опција е трансплантација на рожницата.

Кератоконус често се дијагностицира во комбинација со други генетски нарушувања, како што се Даунов и Марфановиот синдром. Честа причина за болеста е, исто така, генетско наследство. За успешно лечење важена е и правилната исхрана, доволен внес на течности и доволно витамини. Се покажа дека хормоналните промени и некои лекови, исто така, може да ја предизвикаат оваа болест. Пациентите со кератоконус често имаат потреба од тешање на очите. Корекцијата и лекувањето на кератоконусот и покрај големиот напредок на медицината, сеуште е доста комплицирано.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.