facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Никој, точно не знае кој го направил првиот пар на очила во светот.

Во 1266 година, Роџер Бекон ги зголемил буквите ставајќи парче стаклена топка на книгата. Но, кој прв се сети да го стави стаклото близу окото и тука да го држи, не знаеме со сигурност.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Во портретот на кардинал Угон, насликан во 1352 година, кардиналот е претставен со две врамени леќи, чии рачки се прикачени едни на други и се прицврстени над очите. Затоа, некој веројатно измислил очила меѓу 1266 и 1352 година. Кога се појавиле книгите, почнала да се чувствува и потребата за очила. Бидејќи производителите на стакло во тоа време најмногу работеле во Северна Италија и Јужна Германија, тие таму произведувале најмногу очила во 16 век.

Во 1629 година, кралот Чарлс Први од Англија доделил повелба на Здружението на производители на стакла.

Френклин измисли бифокални очила (со два фокуси).

Денес, покрај тоа што им помагаат на луѓето полесно да читаат и да гледаат подобро, очилата се користат и за многу други намени.

Очилата за сонце што апсорбираат ултравиолетови зраци ги носат скијачи, авијатичари, поларни истражувачи и планинари.

Работниците кои работат во близина на големи печки за топење метали носат очила што ги спречуваат инфрацрвените зраци.

Постојано се измислуваат нови видови очила за да им се помогне на луѓето кои имаат посебни проблеми и потреби во работата.

Денес постојат овие типови на очила:

Диоптерски – со кои се прилагодува потребната диоптерска јачина на окото, за да се ублажи ефектот на миопија, хиперопија или астигматизам.

Заштитни – обично се направени од огноотпорни пластични леќи за заштита на очите од летачките честички.

Очила за сонце – за да се заштитат од сончевата светлина и ултравиолетово зрачење.

3D очила – кои овозможуваат тродимензионална илузија на дводимензионална површина.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.