Сподели

Иако повеќето јачмени се безопасни и често поминуваат во рок од околу една недела, ако некогаш сте ги имале, знаете колку многу може да ви пречат.

За среќа, постојат неколку домашни решенија кои можат да ви помогнат да се ослободите од нив малку побрзо или барем да ја минимизирате непријатноста и отокот што се јавува.

Прв третман на јачмен: одржувајте ги капаците на чисти

  • Првото што треба да направите ако добиете јачмен е да ги исчистите капаците. Исплакнете ги очите со топла вода и нежно избришете ги со крпа.
  • Исто така, морате да ги измиете рацете пред и по фаќањето на јачменот. Крпата која ќе ја користите не треба да ја делите со никој друг од семејството.
  • Пожелно е да престанете со нанесување на шминка некое време доека имате јачмен, бидејќи покривањето на јачменот може да го забави процесот на заздравување. Исто така, исфрлете ја од употреба старата шминка која би можела да биде контаминирана.
  • Доколку носите контактни леќи, додека имате јачмен контактните леќи може да ги замените со очила, додека јачменот не се излечи.

Втор третман на јачмен: Нанесете топли облози со газа или памук

  • Можете да стимулирате побрзо заздравување на јачменот со примена на топли облози на газа или памук од 10 до 15 минути, три или четири пати на ден.
  • Некои луѓе користат ќесички од чај од камилица, газата ја потопувате во топла (не жешка), исцедете ја газата така што нема капе вода од неа и газата нанесете ја нанесувате на затворени очи.
  • Целта на оваа терапија е да се создаде бел врв на јачменот. Но, што и да правите, немојте да бидете нестрпливи и да се обидете да го притиснете јачменот! Топлината од газата ќе му овозможи на јачменот да се отвори, исцеди и да се излекува, без да предизвика ширење на инфекцијата што би се случи со притискање на јачменот.

Кога да се посети офталмолог?

Иако овие совети можат да помогнат за заздравување на јачменот, не двоумете се да контактирате со вашиот офталмолог за понатамошни совети. Ако е потребно, офталмологот ќе препише мастите за очи или ќе препорача други третмани за побрзо лекување на јачменот.

Ако состојбата станува полоша, ако влијае на вашиот вид или ако не исчезне во рок од една недела, обавезно треба да одите на офталмолог. Во некои случаи, јачменот може хируршки да се отстрани.

Како да се спречи повторното појавување на јачмен?

Соодветната хигиена на очните капаци може значително да го намали ризикот од појавување на јачмен. Убаво чистете ги очните капаци пред спиење, особено ако носите шминка.

Исто така, ако понекогаш имате проблеми со блефаритис, пристапето кон брзо лекување на проблемот со очните капаци. Ова исто така ќе помогне да се спречи создавањето на нов јачмен.

Facebook Comments