Сподели

Превенцијата е секогаш подобра од третманот. Ова исто така може да се примени во случај на здравјето на очите. Затоа – грижете се за вашите очи. Можете да го направите ова со внесување на витамини во организмот, посебно витаминот А. За здравјето на очите се препорачува исхрана богата со минерали.

Со одржување на здравјето на очите, го подобруваме квалитетот на животот во текот на целиот животен век. Правилната грижа на очите ја успорува макуларната дегенерација поврзана со стареењето. Таа, исто така ја намалува веројатноста за предвремено губење на видот поради вирус или болест на очите. Здравјето на очите може да се одржува и подобрува со правилна исхрана.

Правилната исхрана и здравјето на очите се тесно поврзани. Постојат многу видови на храна, витамини и минерали кои значително можат да го подобрат квалитетот на видот и здравјето на очите. За оние кои сакаат да го зачуваат својот вид, постојат многу совети и упатства. Грижата за видот треба да почне од мали нозе. Ова е многу важно бидејќи брзото замарање на окото може да биде дополнителен напор за децата кои учат да читаат.

Витамини и минерали за здрави очи

Витамините А, Е и Ц придонесуваат за општото здравје на вашите очи. На пр. Витаминот А го намалува ризикот од  ноќно слепило. Витаминот Е го намалува ризикот од макуларна дегенерација и катаракта, додека витаминот Ц го намалува покачениот интраокуларен притисокВитамините се исто така богат извор на антиоксиданти. Антиоксидансите ги намалуваат ефектите на оксидација што придонесува за губење на здравото ткиво и е многу присутно кај макуларната дегенерација.

Минерали и додатоци во исхраната

Минералите и додатоци во исхраната може значително да придонесат за здравјето на очите. Минералите му помагаат на телото да ги метаболизира витамини и да ги балансира хормоните. Иако тие се само дел од составот на телото, тие имаат големо значење. Цинкот е од клучните минерали за здравјето на очите. Прехранбени додатоци вклучуваат лутеин, биофлавонид и каротеноид.

Каротеноидите се пигменти во портокалова, црвена и жолта боја. Овие пигменти се борат со ефектите на прекумерна изложеност на одредени видови на светлина. Тие исто така ги претвораат супстанциите од наведеното овошје во витамин А кој е моќен антиоксидант. Омега 3 масните киселини во морските плодови се одлични за здравјето на очите и се богати со антиоксиданти.

Извори на минерали и витамини

Храната е најголемиот извор на витамини и минерали. Витаминот Ц може да се најде во портокали, јагоди и брокула. Витаминот А се наоѓа во моркови и сладок компир. Бадемите и лешниците и се богати со витамин Е. Спанаќот и блитва се богати со лутеин и биофлавоноиди може да се најде во храна која е богата со витамин Ц.

Facebook Comments