Сподели

Денес готовите диотерски очила ги сретнуваме во разни трговски центри, пазари и аптеки. За жал, не е доволно познато дека такви очила не може да го заменат квалитетот на индивидуално направените очила, според пецепт препишан од оптометрист или офталмолог.

Колку луѓе имаат ист диоптер на двете очи? Колку луѓе имаат исто растојани на зеници како растојанието на готовите диоптерски очила? Колку луѓе немаат астигматизам? Останува прашањето: Колку голема штета може да предизвикаат готовите диоптерски очила?

Докторите се обиделе да одговорат на тоа прашање. На емтропи (луѓе со нормален вид) наизменично им давале еден од 9-те тест очила со план призматски леќи. Очилата имале хоризонтална или вертикална разлика помеѓу десното и левото око, со што стимулираат слаб фокус на леќите во готовите очила. Последиците од нетолеранцијата на прекумерните призматички оптоварувања биле многу непријатни; нејасен вид, главоболки, болки во очите, проблеми со концентрацијата итн.

Офталмолозите и оптометристите предупредуваат дека бројот на лица кои користат готови диоптерски очила при возење на моторни возила е зголемен. Најчесто, тие се емтропи, со текот на годините станале  хиперметропи или презбиопи. Овие луѓе заклучиле дека со овие готови очилата за читање се подобро гледаат при возење, и таквите возачи треба да се предупредат поради нивната безбедноста и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Facebook Comments