Сподели

Глауком е болест која предизвикува дегенерација и загуба на очниот нерв. Очниот нерв ги пренесува сите информации за сликите што доаѓаат во нашето око, а неговото оштетување води до целосно губење на видот.

Причини за глауком

Главната причина за дегенерација на глауком и очниот нерв е зголемен очен притисок. Ако во окото се собере голема количина на очна водичка која не може да истече, таа течност почнува да ги потиснува чувствителни очи структури, особено опчниот нерв. Очниот нерв, по одреден временски период, може целосно да се оштети. Првично, пациентот не е свесен за болеста. Зголемениот очен притисок не предизвикува никакви болки или други проблеми. Ако пациентот не направи комплетен преглед, болеста се забележува кога веќе е започнато губењето на видот. Поради тоа, многу е вазно да се прави редовни очни контроли. Ако имате некои од подолу наведените фактори, контрола е потребено да се извршува на секои две години, до 45-годишна возраст,  после 45-та година од жвотот на секоја една година. Ако не припаѓате во ризичната група, потребно е да се изврши целосна контрола на очите на секои четири години до 45-та година од животот, а на секои две години после 45-та година од животот.

Ризик фактори за појава на глауком:

  • Рефрактивни грешки – Луѓето со висок степен на кратвидост имаат поголем ризик за заболување од глауком. До одреден степен, ова се однесува и на луѓето со далековидост.
  • Наследување – Научниците веќе идентификуваа неколку гени, што може да значи поголем ризик за глауком за сите нивни носители.
  • Раса – кај црнците, глауком се појавува 4,5 пати почесто од белите
  • Повреди на окото – Некои повреди на окото може да предизвикаат промени кои подоцна предизвикуваат глауком.
  • Возраст – кај лица постари од 40 години, ризикот за заболување од глауком е поголем.

Очен притисок (интраокуларен притисок)

Зголемен очен притисок претставува најголем ризик за глауком. Исто како што  високиот крвен притисок предизвикува оштетување на крвните садови, високиот очен притисок може да го оштети очниот нерв, а со тоа и нашиот вид.

Што предизвикува покачениот очен притисок?

Окото во внатрешноста е исполнето со очна водичка, која се произведува во внатрешноста на окото. Бидејќи очната водичка постојано се обновува, вишокот протекува преку очните канали. Ако е оневозможено нејзино протекување, таа се собира во окото, а со тоа се зголемува очниот притисокот.

Кои се нормалните вредности на очниот притисок?

Глауком, исто така, може да се појави при низок очен притисок, како и при зголемен очен притисок. Од другата страна, постојани високи вредност на очен притисок не мора да значи дека ќе се појави глауком. Некои луѓе имаат покачен очен притисок во текот на нивниот живот, а  никогаш не заболеле од глауком. Обично може да се каже дека нормалната вредност на интраокуларен притисок е од 10 до 21 mmHg (милиметри на живин столб). Вредноста помеѓу 10 и 21 mmHg е многу индивидуална, затоа интраокуларниот притисок и целата состојба на окото треба редовно да се контролира.

Карактеристики на глаукомот

Главна карактеристика на глауком е постепено губење на видот. Прво, доаѓа до мали нарушувања на видното поле, кои  човекот не може веднаш да ги забележи. Но, како што болеста напредува, невозможно е да не се приметат нарушувањата на видното поле. Човекот го губи периферниот вид и наместо некои луѓе и предмети тој гледа само сенки и црни точки. Ако очниот нерв целосно се оштети, доаѓа до потполно слепило. Глаукомот неможе целосно да се излекува, тој се третира, но мора да се открие навреме. Сите дегенеративни промени на очниот нерв се неповратни.

Третман и дијагноза

Дијагнозата на глауком првенствено зависи во која фазата е откриен истиот. Ако третманот започне навреме, во повеќето случаи можно е да се задржи видот без поголеми оштетувања. Најголемиот проблем кај глауком е дека на почетокот се развива целосно без симптоми, а оптетувањата на очниот нерв се неповратни. Затоа сите оштетувања предизвикани од глауком се неизлечиви. Тие може да се спречат ако глаукомот почне да се лекува со текот на времето.
Навременото третирање на глауком денес е безбедно и ефикасно. Можно е да се третира на многу начини: со употреба на лекови кои го намалуваат интраокуларниот притисок, ласерскиот третман или операцијата. Сепак, третманот со лекови кои го намалуваат очниот притисок е на прво место. Повеќето лекови кои се користат за лекување на глауком се во форма на капки за очи. Важно е да имате соодветна техника за ставање на капки за да обезбедите доволно количество на лек во окото. Од друга страна, тоа е важно да не се надмине дозволената доза препорачана од страна на офталмологот, бидејќи активната состојка во капките делумно влијае на целото тело, а зголемено количество може да предизвика несакани ефекти. Луѓето кои имаат проблеми со соодветна техника на ставање на лекот во окото, можат да побараат помош од својот офталмолог.
Facebook Comments