Сподели

Улогата на детските диоптерски очила е, пред сè, корекција на видната острина. Очилата мора да се вклопат добро, па затоа е потребно да се најде модел кој одговара на анатомијата на главата на детето. Најдобро решение е лесна, стабилна и еластична рамка направена од антиалергиски материјал.

Во понудата се пластични и метални детски рамки. Металните рамки се потешки, но полесни за поправка. Пластичните рамки добро лежат на носот и затоа често може да бидат поповолен избор. Постојат и рамки изработени од титаниум, кој е хипоалергичен, а воедно и најлесниот материјал.

Оптички леќи 

Со оглед на материјалот постојат два вида оптички леќи, пластика и минерал (стакло). Во случај за детски очила, подобар избор се пластични оптички леќи затоа што тие се поотпорни на кршење. Постојат и оптички леќи изработени од поликарбонат, кои се исклучително отпорни на удар.

Оптичките леќи треба да содржат УВ филтер, антирефлексен слој и тврд слој (слој кој ја штити леќата од гребење).

За изборот на соодветните очила за вашето дете најдобро ќе ви помогне искусен оптичар. И не заборавајте дека е добро да имаш резервни очила во случај на несреќа!

Детски очила за сонце

Не заборавајте дека очите на вашите деца се многу чувствителни. Затоа, купете очила за сонце исклучиво во оптика, за да бидете сигурни дека тие содржат квалитетен УВ филтер. Исто така, оптичарот ќе ви помогне да изберете очила за сонце кои најдобро ги задоволуваат потребите на вашето дете, со цел да ги направат удобни за носење. Ако на вашето дете му се потребни диоптерски очила за сонце, нема проблем да се вградат диоптрични леќи во боја. Во повеќето случаи невозможно е да се препознае дека ова се очила со диоптер.

Ако вашето дете има потреба од диоптерски очила, оптичарот ќе ви го понуди најсоодветниот модел на рамка, диоптриските оптички леќи ќе ги направи со најголема прецизност и, секако, ќе ги прилагоди правилно на главата на детето. Исто така, ќе ве научи како правилно да го исчистите специфичниот тип на оптички леќи. Кај деца со повисока диоптрија, препорачливо е да нарачате два пара очила. Еден за редовно носење, а другиот како резерва. И, на крај, не ја заборавајте заштитната кутија.

Facebook Comments