Можеби сте слушнале дека треба да ги замените вашите контактни леќи со очила за време на пандемијата COVID-19. Подолу, ќе разјасниме кога не постои ризик од носење контактни леќи и кога навистина да се одморите од носење.
Дали носењето контактни леќи навистина придонесува за ширење на коронавирус?
Мислењата на оваа тема се различни, а различни групи на експерти презентираат различни ставови. Еве ги спротивните препораки од Американската академија за офталмологија (ААО) и Американското здружение за оптиметрија (АОА):
Мислење на Американската академија за офталмологија (ААО)
Американската академија за офталмологија (ААО) наведува дека контактните леќи можат да придонесат за ширење на корона вирусот, а носењето очила може да додаде слој на заштита од пренесување на COVID-19.
Очилата ќе ја отстранат секоја иритација на очите што може да ја почувствувате поради контактните леќи и ќе ве натера да паузирате пред да го допрете окото.
Носењето очила наместо контактни леќи, исто така, може да ги заштити вашите очи од респираторните капки што произлегуваат од кашлање или кивање од луѓето околу вас кои можат да бидат заразени, според Американската офталмолошка комора.
Мислење на Американското здружение за оптометрија (АОА)
Наспроти мислењето на Американската академија за офталмологија, Американското здружение за оптометрија (АОА) наведува дека носењето контактни леќи е безбедно и дека нема научни докази дека носењето очила обезбедува заштита од COVID-19.
Здравите луѓе сè уште можат да носат контактни леќи што им биле пропишани. Во случај да сте болни, препораката е да не ги носите. Но, тој совет важи дури и ако се борите против обичната настинка, според Американското здружение за оптидометрија (АОА).
Наше мислење
Факт е дека корисниците на контактни леќи ги допираат очите повеќе од просечното лице, а допирањето на очите, носот или лицето го зголемува ризикот од инфекција со корона вирус.
Нашиот совет е да носите очила почесто, ако сте изложени на заразата поради работа или дневни неодложни активности. Од друга страна, ако вашето работно место е привремено затворено поради епидемиолошките мерки, а вие само се придржувате до препораките за хигиена и останувате дома, тогаш нема причина да престанете да ги користите вашите контактни леќи.
Контактните леќи се неопходна помош за корекција на видот за многу корисници и имаат многу предности во однос на очилата. Затоа, важно е да се одржи хигиената на рацете.
Најбезбедна опција за намалување на ризикот од инфекција поврзана со контактни леќи се контактните леќи за еднократна употреба, кои се фрлаат по едно носење.
Бидете внимателни во одржувањето на контактните леќи и очилата
Правилната нега на контактните леќи и очила е особено важна за време на оваа пандемија на корона вирусот. Иако постои значителна општа загриженост во врска со болеста СОВИД-19, разумните мерки на претпазливост можат значително да го намалат ризикот од инфекцијата.
Значи, мијте ги рацете често и темелно, одржувајте соодветна хигиена на контактните леќи и избегнувајте допирање на носот, устата, а особено на очите.
Ако сте корисник на контактни леќи, следете ги овие совети за да го намалите ризикот од инфекција со корона вирусот:
- Мијте ги рацете темелно со сапун и вода најмалку 20 секунди, а потоа исушете ги добро пред да ги допрете контактните леќи. Важно е да го направите ова, пред да ги ставите и пред да ги извадите контактните леќи очите.
- Правилно дезинфицирајте ги контактните леќи. Ако носите контактни леќи за една употреба, не заборавајте да ги фрлите после секоја употреба. Во случај на месечни контактни леќи, следете ги упатствата за хигиена дадени од вашиот офталмолог или оптометрист.
- Престанете да носите контактни леќи ако сте болни. Ако се чувствувате болни и имате симптоми на настинка или грип, привремено треба да престанете да носите контактни леќи.
Меѓутоа, ако носите очила, треба да преземате и дополнителни мерки на претпазливост.
Според достапните податоци, корона вирус може да остане на тврди површини со часови и можете лесно да го пренесете од очила преку дланката, а потоа и на очите. Затоа, очилата треба редовно да се чистат.
Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.