Сподели
Optometrija.mk
loading...

Со валиден рецепт за контактни леќи, имате можност истите да ги купувате на различни места; во очна оптика, интернет продавница продавница овластена за продажба на очни помагала, преку телефон или е-мејл. Еве неколку совети за паметно купување на контактните леќи.

Каде е најбезбедно купување на контактни леќи?

Кога станува збор за купување контактни леќи, повеќето корисници бараат најдобри понуди и цени, но исто така паметно е да се разгледа достапноста, услугата, практичноста, безбедноста што е најважно за здравјето.

Очните оптики се е одлично место за купување на контактни леќи. Повеќето оптики имаат контактни леќи на лагер, бидејќи имаат поголеми количини на леќи достапни по пристапни цени (контактните леќи за астигматизам секогаш се нарачуваат). Оптиката со очна ординација овозможува можност за контрола на диоптријата и предниот сегмент на окото, што е многу важно за здравјето на очите и сигурната употреба на контактните леќи.

Optometrija.mk

Во очната оптика – Вообичаена постапка е по извршениот преглед да нарачате контактни леќи со вашата диоптрија и соодветните параметри и да ве контактираат кога истите ќе бидат достапни. Безбедноста на тој начин е загарантирана.

Онлајн продавници преку Интернет – Можете да го нарачате вашиот производ во кое било време од денот, во кој било ден во неделата. Оваа придобивка може да има последици ако не сте сигурни за избор на продавницата. Нарачувањето преку онлајн продавници носи одреден ризик, може да се случи испорака на неправилни параметри на контактните леќи, а враќањето на парите е тешко. Во некои случаи, испораката на контактни леќи се приближува до рокот на употреба на истите, така што постои ризик. Освен високиот ризик, друг недостаток е дополнителниот трошок за испорака.

Бидете внимателни при изборот на онлајн продавницата, бидејќи немате директен контакт со компанијата и одговорот на секое прашање поставено од вас, може да го чекате подолг временски период. Исто така, има и ризик воопшто да не ги добиете порачаните контактни леќи. Овој вид на проблем секако нема да ви се случи во очната оптика.

Оставите коментар: