Сподели

“Болни очи” се широк поим кој опишува голем број можни чувства. Може да имате чувство на страно тело во вашите очи, замор или печење. Една од најчестите причини за болка во очите е конјуктивитисот (црвено око), но проблемот може да биде предизвикан од инфекција, алергии, прекумерна изложеност на сончева светлина, замор на очите или неправилно ракување со контактни леќи.

Болни очи се најчесто предизвикани од прекумерно гледање на компјутерот или подолго читање. Вашите очи можат да станат болни по тежок ден на работа или по несоница. Носењето несоодветен диоптер исто така може да предизвика болни очи.

Други потенцијални причини се:

  • Дим
  • Смог
  • Животински влакна
  • Полен
  • Хемикалии
  • Прекумерно триење на очите
  • Воспаление предизвикано од алергени или инфекции
  • Прекумерна изложеност на сонце
  • Суво око
  • Вирусни инфекции
  • Блефаритис
  • Црвено око
  • Носење контактни леќи

Во некои случаи, болните очи може да бидат предизвикани од потешки состојби, како што се оштетување очниот нерв, увеитис или иритис и орбитален целулитис.

Најдоброто нешто што можете да го направите за себе, ако имате болно око е да побарате медицинска помош. Третманот може да се започне само по детален очен преглед и дијагноза. Во зависност од причината за состојбата, вашиот офталмолог може да ви препише капки или маст, антибиотици или антивирусни лекови.

Што да направите кога причината за болните очи е уморот?

За да ги ослободите болните очи предизвикани од замор, може да се обидете со облоги со топла вода на очите од 5 до 10 минути на ден, 3 пати неделно.

Дополнителн што можете да направите е:

  • Подолг одмор на очите со спиење
  • Конзумирање поголема количина на вода
  • Конзумација на избалансирана храна
  • Избегнувајте триење на очите
  • Правите одмори кога го користите вашиот компјутер

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Оставите коментар: