facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Хетерохромија е термин кој се користи за состојба во која едно лице има различни бои на очите, на пример, едното око е сино, а друго е кафеаво. Тоа е поради недостаток или вишок на меланин присутен во ирисот на окото.

Хетерохромијата обично не е сериозна здравствена состојба. Со други зборови, тоа не е за болест на очите и не влијае на видната острина.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Некои познати личности имаат хетерокромија: Кејт Босворт, Џејн Симор, Мила Кунис, Мајкл Флетли и други.

Во повеќето случаи, хетерохромијата е вродена (конгенитална). Обично, вродена хетерокромија е генетска особина која се наследува. Бенигната хетерокромија може да се појави како резултат на генетска мутација за време на ембрионалниот развој.

Во некои случаи, хетерохромија е симптом на некоја друга состојба која е присутна од самото раѓање или брозо се развива по раѓањето.

Хетерохромија која се јавува подоцна во животот се нарекува стекната. Причините за таквата хетерохромија може да бидат повреди на очите, увеитис или консумирање на одредени лекови за третирање на глауком.

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.