Успешната посета на офтамолог е само еден дел од борбата за подобрување на видот на вашето дете. Да се убеди детето да ги носи пропишаните очила е втор и веројатно најтешкиот дел.
Еве неколку предлози кои ќе ви помогнат да пронајдете соодветни очила за вашето дете, а со тоа ќе му помогнете на вашето дете да се навикне на секојдневно носење.
- Осигурајте се дека рамката е соодветна за вашето дете. Рамката треба да се вклопи правилно, без да предизвика стегање на ушите или носот, или да го затега лицето. Периодично проверувајте ги деловите кој се допираат на кожата за да бидете сигурни дека нема појава на иритација на кожата.
- Осигурајте се дека очилата се изработени правилно. Ако вашето дете гледа преку очилата или се жали дека не гледа добро со нив, ова може да биде предизвикано од неправилно препишана диоптрија. Ако не сте сигурни за точноста на диоптријата, однесете го детето на контрола кај офталмолог.
- Започнете постепено. Нека вашето дете ги носи очила по неколку часа на ден на почетокот. Потоа постепено го зголемуваат времето на носење на очилата.
- Носењето на очилата треба да биде рутина. Ставањето и вадењето на очилата треба да биде секојдневна рутина. Поттикнете го вашето дете да ги стави во утринските часови кога се облекува и да ги извади вечерта пред да легнете.
- Да го потржувате вашето дете додека ги носи очилата.
Што да правам ако моето дете одбие да носи очила?
Ако вашето дете одбие да носи очила, прво проверете дали очилата се правилно изработени. Ако се точно изработени, обидете се позитивно да го поддржите детето и објаснете зошто е важно да ги носи очилата.
Што да правам ако моето дете е вклучено во спортот?
Повеќето повреди може да се спречат ако се носат соодветни заштита за очи. Заштитните очила може да бидат со доптерски леќи направени според рецепт. Децата треба да носат овие заштитни очила наместо класичните диоптерски очила, ако се занимаваат со следниве спортови:
- Кошарка
- Фудбал
- Ракомет
- Карате
- Тенис
Вашето дете може прво да одбива да носи заштитни очила, особено
ако никој од соиграчи не носи. Некои од начините за убедување на детето е да им дозволат да го изберат стилот кој сакаат да го носат. Не треба да се заборави дека постои добра алтернатива за заштитните очила, а тоа се меки контактни леќи.
Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.