facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Одржувањето на соодветна хигиена е основното правило за удобно и безбедно носење контактни леќи. Многу е важно да ги следите упатствата на вашиот оптометрист или офталмолог за да избегнете можни компликации.

Еден од најважните елементи за хигиената на контактните леќи е раствор за чистење и одржување на леќите.

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

Запомнете, рутината “нежно трлање и плакнење” може да ви помогне да отстраните до четири пати повеќе несакани депозити на леќа, во споредба со само плакнење на контактните леќи. Секогаш следете ги упатствата на вашиот оптометрист за чисти и хигиена на контактни леќи.

Како да се грижите за вашите меки контактни леќи и да го зачувате здравјето на очите?

1. Прво и основно

Секогаш измијте ги рацете пред да ракувате со контактни леќи.

2. Вадење на леќата

Држете ги отворените капаци цврсто со прстите и бутнете ја леќата странично кон белката на окото. Нежно штипнете ја леќата со палецот и показалецот за да ја отстраните.

3. Отстранете ги нечистотиите и остатоците од леќата

Ставете неколку капки раствор на секоја страна од леќите.

Нежно тријте ја секоја страна од средината до работ и исплакнете ја секоја страна од леќата.

4. Дезинфекција на леќата

Ставете ги леќите во касетката за чување и ставете чиста течност.

5. Ставање на леќата

Ставете ја леќата на прстот, внимавајте и видете дали леќата е свртетна на правилната страна и дали е оштетена.

6. Вметнување на леќата

Држете ги двата капаци цврсто со прстите и внимателно ставете ја леќата на око. Трепкајте за да ја наместите директно над рожницата. Лесно е кога ќе се навикнете.

7. Откако ќе ги ставите леќите, добро исчистете ја касетката

Исплакнете ја касетката за леќите со чист раствор и оставете да се исуши.

Никогаш немојте да ги миете вашите леќи и садот за леќите со вода.

Совети за соодветна грижа на леќата:

И секогаш …

Следете ги инструкциите на вашиот оптометрист.

  • Вашите раце да бидат чисти
  • Бришење и исплакнете за подобра хигиена
  • Дезинфицирајте ги леќите по отстранувањето
  • Редовно посетувајте специјалист за очи
  • Исплакнете ја касетката за леќи по секоја употреба и оставете ја да се исуши
  • Отстранете ги леќите и посетете го очниот специјалист ако се појави иритација на очите

Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.