Кога носите контактни леќи, во никој случај не мора да се откажувате од шминката. Не е секогаш потребно да се користат специјални козметички производи. Само внимателно да се грижите за контактните леќи и придржувајте се кон одредени насоки и правила.
Кога да ги ставите контактните леќи, пред или после шминкње?
Одговорот на ова прашање е едноставен. Секогаш нанесете ја шминката по ставањето на контактните леќи! Предноста на овој процес е дека ќе гледате подобро, и нема да се случи да ја размачкате леќата со шминка или да ја размачкате шминката. Исто така е исклучена и можноста дека козметичките честички ќе завршат помеѓу леќите и рожницата, што би предизвикало непријатна иритација на очите. Ако ова се случи, најдобро е да се отстрани леќата и темелно да се исчисти пред повторно да се стави во окото.
Каков вид на козметика користите?
Кога носи контактни леќи, се препорачува употреба на хипоалергични козметички производи. Користете помек молив за очи, со што би се намалила иритацијата на очите. Не нанесувајте шминка на внатрешниот раб на капакот, бидејќи може да ја нанесете на површината на леќата. Најдобро е да се избегне водоотпорна маскара и пудро во прав. Подобар избор е компактно пудро. Избегнувајте мрсна козметика или маскара за продолжување на трепките кои содржат синтетички влакна, бидејќи овие влакна лесно можат да дојдат во контакт со леќата и да ја оштетат.
Производи кои содржат аеросоли, како што се: лак за коса, парфеми и дезодоранси, користете ги пред ставањето на контактните леќи или затворете ги очите додека се ставени во вашите очи и почекајте некое време за да исчезнат честичките.
Отстранете ја шминка откако ќе ги извадите леќите и со тоа ќе спречите контаминација на леќата со остатокот од шминката.
Optometrija.mk – содржините се заштитени со авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.