Многу корисници на контактни леќи имаат неоправдани стравови од контактните леќи, кој ќе им пружат поудобен начин на живот. Повеќето од овие стравови се поврзани со ставањето или вадењето на контактните леќи и чувството на постојано присуство на леќата во окото. Овие стравови се природни и верувате ни дека не сте единствени.
Дали се плашите да ги допрете вашите очите?
Највообичаен страв поврзан со контактни леќи е токму ова. Но, ова без никакви проблеми е надминато со пракса. Кога ставате контактна леќа, погледнете нагоре и ставете ја леќата од долната страна. Откако ќе ја ставите контактната леќа, погледнете надолу за да може леќата да ја покрие рожницата. Многу почетници кои се корисници на контактни леќи се плашат од повреди при ставање или вадење на леќата, но во пракса овој страв е неоправдан.
Што ако леќите ги ставам неправилно?
Некои корисници се загрижени дека леќата ќе биде поставена на погрешно место кога ќе биде ставена во окото. Нема причина за страв од ваков вид. Контактните леќи се дизајнирани на таков начин што по ставањето и неколку терпнувања самата леќа го наоѓа своето лежиште, односно ја покрива рожницата.
Се плашите од инфекции на очите?
Голем број од луѓето се плашат од можни инфекции поврзани со употребата на контактни леќи. Почетокот на инфекцијата може да го елиминирате со соодветна употреба на контактните леќи, редовно чистење и дезинфекција. Важно е темелно да ги измиете и исушите рацете пред да ги ракувате со контактните леќи. Исто така, од голема важност е да се избегне контакт со вода додека се носат леќи (туширање, базени, итн.). Водата е носител на бактерии и други микроорганизми кои можат да предизвикаат инфекции на очите.






