facebook optometrija
facebook optometrija
facebook optometrija

Таканареченото модро око од подкожно крварење околу окото.Понекогаш модрото око индицира поголема повреда,па дури и фрактура на черепот,особено ако областа околу двете очи е модра или ако имало повреда на главата.Иако повеќето вакви случаи на модро око не се сериозни,понекогаш може да има придружна повреда на самото очно јаболко доволна да предизвика крварење на окото.Крварењето во предниот дел на окото е сериозна состојба која може да го редуцира видот и да ја оштети корнеата.Во некои случаи може да се јави и абнормален висок притисок во окото(глауком).Заради оваа причина препорачливо е да се направи преглед кај специјалист-офталмолог за да се провери дали е настаната некоја поголема штета на самото око. За да се погрижите за модрото око:

instagram optometrija mk
instagram optometrija mk
instagram optometrija mk width=

-Со нежен притисок аплицирајте мраз завиткан во парче ткаенина околу областа на окото.Внимавајте да не притискате на самото око.Аплицирајте мраз што е можно побрзо по повредата за да се намали отокот и продолжете да користите мраз 24-48 часа по повредата.
-Осигурајте се дека нема краврење во белиот дел(склерата) и во другите делови на окото.
-Веднаш побарајте итна медицинска помош ако почувствувате проблеми со видот(двоен вид,заматен вид),јака болка или крварење во окото или од носот.