Ако некоја хемикалија навлезе во окото,веднаш применете ги следниве чекори:
1.Измијте го окото со вода. Употребете чиста и млака вода од чешма,најмалку 20 минути и направете некоја од следниве работи која ви е најбрза и најдостапна:
– влезете под туш и пуштете млаз млака вода во делот над челото над афектираното око.Обидете се да ги држите и двете очи отворени.
– Измијте ги рацете со сапун и вода.Темелно исплакнете ги рацете за да не остане дел од сапуницата на вашите раце.Прва цел е да ја отстраните хемикалијата од окото,но пред тоа и од вашите раце.
– Отстранете ги контактните леќи ако ги носите.Ако сами не се извадат за време на плакнењето со вода,тогаш отстранете ги со чисти раце.
2.Внимавајте
– Не го тријте окото-ова може да предизвика понатамошна штета.
– Не ставајте ништо друго во окото,освен вода или раствор за плакнење на контактните леќи и не употребувајте вештачки капки,освен ако медицинското лице не ве посоветува тоа да го направите.
3.Побарајте итна медицинска помош
Откако ке ги направите овие чекори,побарајте медицинска помош или ако е неопходно викнете брза помош.Земете го садот во кој што била хемикалијата или пак запомнете го името на хемикалијата.Ако ви се достапни,носете и очила за сонце,зашто окото ке биде сензитивно на светлина.





