Колку далеку сме подготвени да одиме за нашата убавина?
Инјекциите на маснотии и колаген што се вбризгуваат во челото и околу очите може непоправливо да го оштетат видот, предупредуваат американски експерти!
Поради убавината, подготвени сме да одиме далеку, но колку навистина знаеме за „темната страна“ на естетските процедури? Материјалите за размислување на оваа тема беа дадени од американски експерти, кои во неодамнешното истражување откриле дека вообичаено безбедните инјекции на колаген во челото, кои многумина ги користат за „пеглање“ на брчките, може да имаат катастрофални последици по нашето здравје. Имено, студијата објавена во списанието JАМА Офталмологија ги анализира случаите на три лица кои ослепеле по процедурата за ублажување на брчките на челото и околу очите со инјекции за полнење.
„До ова дошле кога филерите случајно протекле во крвните садови и стигнале до очната артерија. Ако тоа се случи, снабдувањето со крв на окото може да биде блокирано. Иако оваа компликација е многу ретка, таа е значајна. Модринката ќе исчезне, но губењето на видот е трајно “.
Иако ова се само три случаи пријавени со студија на експерти од Медицинска група на Retina Vitreous Associates , тие предупредуваат дека сите лекари треба да ги запознаат пациентите со ризиците од постапката пред да ја започнат.
Покрај слепилото, научниците откриле дека постапката може да предизвика оток и модринки, па дури и пријавени се случаи на мозочен удар.
http://optike.hr/kozmetiki-fileri-mogu-uzrokovati-trajnu-sljepou/
http://optike.hr/kozmetiki-fileri-mogu-uzrokovati-trajnu-sljepou/






